Земјоделство — стопанска дејност во Македонија која (заедно со шумарството и рибарството) учествува со 8,6% во вкупниот БДП на земјата (2020 година). Вкупните земјоделски површини сочинуваат од територијата на Македонија, при што се обработливи, а се пасишта или во бројки вкупната земјоделска површина изнесувала 1.271.400 хектари во просек за 2001-2005 година. Во 2014 година, вредноста на откупот од вкупното земјоделско производство изнесувала над 13,7 милијарди денари или 215 милиони евра.
Во 2022 година, во Македонија имало 515.000 хектари хектари обработлива површина во кои најголемо учество имале ораниците и бавчите (81%), а најмало било учеството на овоштарниците (3,3%).„Статистички годишник 2023“, 450 стр. Во 2015 година, во Македонија се обработувало земјоделско земјиште на површина од 315 863 хектари при што најголем дел од парцелите биле мали (58,2% со големина од еден хектар). Од вкупното земјоделско земјиште, дури 75% отпаѓало на ораници, бавчи и куќни градини; ливадите учествувале со 12%; лозјата со 7%; а 5,5% отпаѓало на овоштарници.
Користењето, располагањето, заштитата и пренамената на земјоделското земјиште се регулирани со Законот за земјоделско земјиште.Закон за земјоделско земјиште
Историја
thumb|upright=1.3|Ширење на земјоделството од Југозападна Азија во Европа, помеѓу 9600 и 3800 п.н.е. Во текот на 7 и 6 милениум п.н.е., земјоделството прогресивно се шири од југозападна Азија во блиските региони. Неговата експанзија на запад го донесе земјоделството прво во медитеранските области со слични климатски услови на оние каде што започна, каде што исто така се одгледувал речиси истиот растителен спектар, а потоа прогресивно на север, почнувајќи од Балканот.
Со археоботаничките анализи на растенијата пронајдени при ископувањето на археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија се детектирани остатоци од повеќе мешункасти плодови и житарици. Најголем дел од класифицираните остатоци припаѓале на култивирани растителни видови (61%), а речиси сите се остатоци од различни житни култури - гол и излупен јачмен (Hordeum vulgare), двозрна пченица (Triticum dicoccon) и еднозрна пченица (Triticum monococcum). И мешункастите растенија исто така биле документирани, но само со неколку остатоци од леќа (Lens culinaris) и грашок (Pisum sativum). Резултатите покажуваат дека земјоделството имало значајна улога и веројатно бил најважниот начин за обезбедување на храна во ранонеолитската населба Влахо. Сепак, присутни биле и остатоци од диви растенија кои можеле да се собираат за конзумирање, но во многу помали количини (12%). Тие се претставени со дренот (Cornus mas) и капината (Rubus fruticosus), можеби исто така и со белата лобода (Chenopodium album). Белата лобода би можела да се собере ненамерно за време на жетвата бидејќи расте како плевел, но како што е документирано на други локалитети од раниот неолит во Пелагонија, би можела да се користи и како храна.
Животинските остатоци од Влахо упатуваат на сточарско стопанство, каде, како и на останатите неолитски локалитети во Македонија, доминираат овца и коза за сметка на што говедото и свињата се застапени во помал број.
Најраното датирање со помош на радиокарбон анализите од Влахо укажуваат на континуирана окупација на просторот и седентарен начин на живот, почнувајќи од околу 6.400 год. п.н.е. Датираните остатоци од грашок и леќа се секако најстарите директно датирани единечни наоди на идентификувани остатоци од мешунки во Европа до денес. За време на подготовките на теренот за експлоатација на јаглен во 2023 година, сериозно бил оштетен и биле уништени околу 20-30% археолошкиот локалитет Влахо.
Производство
Погодните почвени терени односно поставеноста на тереност и составот на почвите, благата клима и водите (заедно со вкупните годишни врнежи) овозможуваат широк дијапазон и разновиден состав на земјоделското производство според полјоделските култури и според видовите добиток. Дополнително, Македонија има и изразито поволен релјеф, со котлини оградени со високи планини кои имаат огромни површини на обилни и бујни квалитетни пасишта за напасување на секаков вид крупен и ситен добиток и коишто воедно богато и обилно ги напојуваат рамнините во котлинските дна со вода од бројните водотеци, потоци, реки и топењето на снегот и истовремено ги заштитуваат од силни ветрови и воздушни влијанија, што пак нуди извонредно добри можности за развој на обемно и напредно полјоделство и сточарство, како и лозаро-овоштарство.Од поледелските култури најмногу се застапени: житните - зрнести растенија (пченица, пченка, ’рж, јачмен и овес); грозје (винова лоза); овошје; градинарски култури и др. Благата клима, особено средоземната, овозможува да се одгледуваат различни тропски индустриски растенија, како на пример оризот, тутунот, сончогледот, шеќерната репка и во мали количества - памукот, афионот и сусамот.
Според земјоделскиот попис спроведен од Државниот завод за статистика во сите осум региони на државата најмногу се одгледувале житните култури, Пелагонискиот и Југоисточниот дел се засеани и со индустриски култури, а Полошкиот, Југозападниот и Југоисточниот Регион со фуражни растенија. Во Југоисточниот, а по него и во Скопскиот Регион најмногу успеваат и градинарските култури. Вардарскиот и Пелагонискиот се со најразновидно производство, односно во нив успеваат речиси сите земјоделски производи. Високите планини во Македонија чиишто падини се покриени со густа и висока трева, како и пасиштата (ливади и утрини) во котлините се поволни за развој на сточарството од кое во Македонија се одгледуваат говеда, коњи, маски и магариња од крупниот и овци, кози, свињи и живина од ситниот добиток, како и кошници со пчели. Врз основа на застапеноста на одредени култури кои се одгледуваат и со кои најмногу се занимаваат жителите, одредени области и региони се надалеку познати и препознатливи според најчесто одгледуваните земјоделските култури како на пример Пелагонија како најголема житница, Кочанско по оризот, Прилепско по тутунот, Струмичко по пиперките и доматите односно зеленчукот, Тиквешијата или Кавадаречко и Неготинско по грозјето и лозарството, Преспа (Ресенско) по јаболката, Тетовско по гравот, Беровско и Кривопаланечко по компирот, Гостиварско, Бучин и Драчево по кромидот, Гевгелиско со Миравци и Скопско со Бардовци по зелката, Росоман по праските, Валандовско по калинките итн. Според пописот на земјоделството од 2007 година, во земјоделското производство во Македонија, учествувале 192.378 поединечни земјоделски стопанства.
Анализите на целокупното земјоделско производство во поглед на увозот, извозот и задоволувањето на домашните потреби покажуваат дека градинарските производи особени домати и пиперки, но исто така и млад кромид и лук, производството на јаболка, трпезно грозје и грозјето за преработка во вино, како и јагнешкото месо, претставуваат значајно извозно ориентирани производи, а производството на тутун е целосно ориентирано за извоз и задоволување на домашната индустрија за цигари. Од друга страна сите позначајни земјоделски производи како производството на пченица и пченка (и другите жита) заедно со производството на говедско, свинско и живинско месо и кравјото млеко се дефицитарни прехранбени производи за исхраната на населението во Македонија, при што некои од овие производи (жита и живинско месо) се увезуваат и до 30% и 70% од вкупните потреби иако се на линија на компаративните предности во нивното производство, а слична е состојбата и со недоволното производство на суровина за шеќерната и маслодајната индустрија со задоволување на само 20% од потребите.
За период од половина век по Втората светска војна, постигнати се значајни подобрувања и зголемувања во земјоделското производство во Македонија. Имено, во периодот од 1951 до 2005 година вкупното производство во тони пораснало кај пченицата за 3,6 пати, кај пченката 2,1 пати, кај сончогледот 3,5 пати и кај тутунот 2,2 пати. Доста интересни показатели за земјодлското производство во Македонија дава и вредноста на вкупниот откуп на земјоделски производи на годишно ниво. Имено, вредноста на вкупниот откуп на земјоделски производи во Македонија во 2014 година изнесувал над 13,7 милијарди денари односно поточно 13.780.573.000 денари или 215 милиони евра. Доколку се погледне оваа вредност во петгодишниот период од 2010 до 2014 година забележлив е постојаниот и голем пораст на обемот на вредноста на вкупниот откуп на земјоделски производи кој пораснал за цели 39,55% помеѓу 2010 и 2013 кога го достигнал највисокото ниво од 14.069.724.000 денари или 229 милиони евра. Според податоци од 2003 година во структурата на вредноста на земјоделските производи житата учествувале со 5,5 милијарди денари или 90 милиони евра, градинарските производи со 15,3 милијарди денари или 250 милиони евра, овошјето со 7,6 милијарди денари или 124 милиони евра, сточарското производство со 12,6 милијарди денари или 205 милиони евра
Земјоделска механизација и хемизација
За развојот на земјоделството во Македонија посебен придонес им се припишува на: механизацијата, хемизацијата, мелиорациите (зафати за сушење на блатата и мочуриштата), селектираните семиња, добриот посадочен материјал, облагородените раси на добиток, ветеринарната и друга заштита, остручувањето на кадри итн. Најзначајни показатели во тој однос се бројката на трактори од земјоделските машини и употребата на вештачки ѓубрива. Во Македонија во 1951 година имало само 270 трактори, за веќе во 1990 година нивниот број да се покачи на 44 154, а во 2005 да допстигне 67.349 што е пораст за 249 пати. Според податоците од пописот на земјоделството во Македонија во 2007 година земјоделските стопанства поседувале вкупно 74.641 трактори од кои 22.122 едносовински и 52.519 двоосовински и 42.335 тракторски приколки, 1.686 комбајни за жито, 4.022 машини за прибирање земјоделски производи, 9.905 машини за сеење, садење и расадување, 3.990 машини за молзење, 5.858 гроздомелачки, а 57.185 стопанства поседувале опрема за наводнување. Потрошувачката на вештачки ѓубрива се зголемила од 53.447 тони во 1960 на 56.217 тони во 1984 година, а потоа опаѓа и во 2005 изнесувала 9.900 тони. Според податоците од пописот на земјоделството во Македонија во 2007 година во Македонија вкупната третирана повришна со ѓубрива и заштитни средства изнесувала 134.292,96 ха со минерални ѓубрива, 30.761,15 со органски ѓубрива, 137.727,06 со хербициди, 95.203,36 со инсектициди, 48.762,77 со фунгициди, 10.237,15 со родентициди. Зголемувањето на потрошувачката на минералните ѓубрива која била забележана по 1993 година не се одразила на зголемување на приносите, пред сè поради ѓубрењето со ист состав на хранливи материи кое што е нерационално.
Вкупниот број земјоделски стопанства во Македонија во 2015 година изнесувал 170.885, од кои 170.581 биле поединечни земјоделци, а 304 биле правни лица. Притоа, само 10% од правните лица виле големи комбинати, со повеќе од 50 вработени. Инаку, 34,4% од земјоделските стопанства (58.014) произведувале житни култури; мешано растително-сточарско производство имале 31.179 стопанства; а 5.640 стопанства се занимавале со одгледување добиток. Малиот обем на земјоделските стопанства се изразувал и низ податокот дека, во просек, на едно стопанство отпаѓале само 0,5 трактори. Така, во 2015 година, во Македонија имало вкупно 92.708 трактори и 1.797 комбајни за жито. Во просек, во едно земјоделско стопанство биле ангажирани 2,6 лица. Дури 55% од поединечните земјоделски стопанства трошеле повеќе од половина од производството за својата потрошувачка.Валентина Ангеловска, „Домашните ниви ги работат 170.581 поединечен земјоделец и 304 фирми“, Дневник, година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 6-7.
Поледелство thumb|мини|десно|Производство на најважните поледелски производи (1951-2005)