Тур де Франс 2015 — 102. издание на Тур де Франс, една од големите трки во велосипедизмот. Трката долга 3360,3 километри започнала во Утрехт, Холандија, на 4 јули 2015 година и завршила со етапа на Шанзелизе во Париз на 26 јули. Вкупно 198 возачи од 22 екипи настапиле на трката, која била освоена од Крис Фрум од . Второто и третото место биле освоени од возачите на , Наиро Кинтана и Алехандро Валверде, соодветно.

Возачот на , Роан Денис ја освоил првата етапа и со тоа прв ја облекол водечката жолта маичка. Возачот на Фабијан Канчелара ја освоил на втората етапа, но ја изгубил веќе на следната етапа. Тука, Фрум влегол во водство, по првата завршница на нагорнина. Ја изгубил од возачот на Тони Мартин на крајот на четвртата етапа, но повлекувањето на Мартин од трката по падот на шестата етапа го вратило Фрум во водство. Го зголемувал своето водство во текот на етапите на Пиринеите и успешно го одбранил од нападите на Кинтана во текот на завршните етапи на Алпите.

Фрум станал првиот британски возач кој двапати го освоил Тур, по неговата победа во 2013 година. Петер Саган од го освоил бодовниот пласман. Фрум, исто така, го освоил планинскиот пласман. Најдобар млад возач бил Кинтана, а неговата екипа, , победници на екипниот пласман. На Ромен Барде од му била доделена наградата за најборбен возач.

Екипи

мини|Возачите на од Еритреја Даниел Теклехајманот и Мерхави Кудус на деветнаесеттата етапа, станале првите црни Африканци кои настапиле на Тур де Франс.

Дваесет и две екипи учествувале на изданието на Тур де Франс 2015. Сите седумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и се обврзани да учествуваат на трката. На 14 јануари 2015 година, организаторот на Тур, Amaury Sport Organisation (ASO), ги објавиле петте екипи со специјални покани, едната од нив, , станала првата африканска екипа која учествувала на трката.

Бројот на возачи по екипа бил девет, со што почетната листа изнесувала вкупно 198 возачи. Од возачите кои ја започнале трката, 160 завршиле во Париз. Имало возачи од 32 различни земји. Еритрејските возачи Даниел Теклехајманот и Мерхави Кудус, обајцата од , станале првите црни Африканци кои учествувале на Тур де Франс. Просечната возраст на сите возачи била 29,67; најмлад бил Кудус, со 21 година, а најстар биле 41-годишниот Матео Тосато од . била најмлада екипа, а најстара.

Екипи кои настапиле на трката:

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Фаворити пред трката

За водство на Тур, главни кандидати за генералниот пласман, познати во медиумите како „големата четворка“, биле Крис Фрум (), Алберто Контадор (), Наиро Кинтана () и Винченцо Нибали (). Сите имаат освоено најмалку една голема трка, достигнувајќи вкупно дваесет подиуми на големите трки. Поранешните победници на Тур де Франс, Фрум (2013) и Контадор (2007 и 2009) се вратиле на трката по падовите во 2014 година. Возачи сметани за аутсајдери биле биле Тиџеј ван Гардерен (), Тибо Пино (), Хоаким Родригес (Тим Катјуша), возачите на Жан Кристоф Перо и Ромен Барде.

Фрум ја покажал својата форма во текот на сезоната со победите на Вуелта а Андалусија и Критериум ди Дофине, трка за подготовка пред Тур. Контадор порано во сезоната победил на Џиро д’Италија и целел да стане прв возач по Марко Пантани во 1998 година кој ги освоил Џиро и Тур. Сакал да ги има сите три големи трки истовремено, претходно победувајќи на Вуелта а Еспања 2014. Тринаесет дена пред почетокот на Тур, Контадор победил на Рут ду Суд, поразувајќи го Кинтана за седумнаесет секунди. Кинтана завршил втор на Тур де Франс 2013, освојувајќи го планинскиот и пласманот за млад возач. Бил отсутен во 2014 година бидејќи бил насочен на Џиро д’Италија 2014, кое го освоил. Негова главна победа во 2015 година била Тирено-Адријатико. Бранителот на титулата Нибали бил сметан за фаворит, иако негов најдобар резултат во сезоната било десеттото место на Тур де Романди и тринаесеттото на Дофине.

Спринтери сметани за фаворити за бодовниот пласман и победи на рамните или ридестите масовни спринтови биле Александер Кристоф (), Марк Кевендиш (), Андре Грајпел (), Петер Саган () и Џон Дегенколб (). Кристоф и Кевендиш ја покажале својата форма во сезоната пред Тур, со осумнаесет и дванаесет победи, соодветно. Грајпел бил исто фаворит, спроведуван од неговиот спринтерски воз, како Кевендиш. Трикратниот победник на бодовниот пласман, Саган се очекувало да има потешкотии да ја повтори победата поради промената во бодовната структура на пласманот и поради фактот дека возел како поддршка за Контадор. Дегенколб, кој ги освоил еднодневните класични трки Милано-Санремо и Париз-Рубе во сезоната, застанал на чело на екипата поради отсуството на победникот на четири етапи во 2014 година, Марсел Кител, кој не бил вклучен во составот поради недостиг на форма.

Рута и етапи

мини|Дваесеттата етапа, претпоследна на трката, завршувала со искачување од 13,8 километри на Алп д’Ез; просечен наклон од 7,9% и дваесет и една серпентина.

На 8 ноември 2013 година, ASO го најавила Утрехт како домаќин на првата етапа во 2015 година. По шести пат, Тур започнал од Холандија, рекорд за една држава надвор од Франција. Претходните пет биле: 1954, во Амстердам; 1973, во Шевенинген; 1978, во Лејден; 1996, во Хертогенбос и 2010, во Ротердам. Утрехт му платил на ASO четири милиони евра за да биде домаќин. Целосната рута на Тур била претставена на 22 октомври 2014 година во Париз.

По првата етапа во Утрехт, втората етапа го напуштала градот и завршувала во областа Зеланд во јужниот дел на Холандија. Третата започнала во Антверпен, Белгија и завршила на Мур де Хуј, стрмно искачување вообичаено на еднодневната класична трка Флеш Валон. Четвртата етапа започнала во Серен, Белгија, пред да заврши во Камбре, Франција; вклучувала седум дела со калдрма во должина од 13 километри. Од петтата до деветтата етапи се возела низ северна Франција, започнувајќи во регионот Север-Па де Кале и завршувајќи во Бретања. Потоа, возачите со авиони биле префрлени на југот на земјата за следните три етапи низ Пиринеите, кои ја вклучувале најискачуваната планина на Тур, Кол ди Турмале, на единаесеттата етапа. Етапите 13 до 16 создавале непрекинато четириетапно патување кон исток до Алпите. Четири етапи се случиле на и околу планинскиот масив, пред вториот авионски трансфер назад кон североисток за завршницата на Шанзелизе во Париз. Трката вклучувала шест нови места за почеток или крај на етапата: Утрехт, на првата етапа; Зеланд, на втората етапа; Ливаро, на седмата етапа; Кол де ла Пјер Сен Мартин, на десеттата етапа; Мире, на тринаесеттата етапа и Севр, на етапата 21.

На објавата на рутата, директорот на трката Кристијан Придом ја опишал како „нетипична“, додавајќи „Ако не се искачуваш, нема да победиш на Тур во 2015“. Најголеми разлики биле недостигот на хронометри и планински етапи. Имало 21 етапи на трката во вкупна должина од 3360,3 км. Најдолга етапа била четвртата со 223,5 километри, а етапата 21 со 110,5 километри најкратка. Воведниот поединечен хронометар бил 13,8 километри — поради што бил предолг за да биде наречен пролог — и екипниот хронометар на деветтата етапа бил 28 километри. Третата и осмата етапа, иако официјално рамни, завршувале на Мур де Хуј и Мур де Бретањ соодветно, додека ридестата етапа 14 на Кот де ла Кроа Нев. Имало седум етапи одредени како планински, шест од нив со завршница на нагорнина: етапа 10, до Ла Пјер Сен Мартин; етапа 11, до Котре; етапа 12, до Плато де Бел; етапа 17, до Пра Луп; етапа 19, до Ла Тусир - Ле Сибел и етапа 20, до Алп д’Ез. На 25 јуни било објавено дека поради лизгање на земјиште, рутата на дваесеттата етапа ќе биде изменета, одминувајќи го Кол ди Галибје и наместо тоа искачувајќи сè до Кол де ла Кроа де Фер. Меѓутоа, должината на етапата, останала неизменета. Деновите за одмор биле по деветтата етапа, во По, и шеснаесеттата етапа, во Гап.

+Видови на етапи и победници Етапа Датум Тек Растојание Вид Победник1 4 јули Утрехт 13,8 км 20п поединечен хронометар 2 5 јули Утрехт до Зеланд 166 км 20п рамна етапа 3 6 јули Антверпен до Уј 159,5 км 20п среднопланинска етапа 4 7 јули Серен до Камбре 223,5 км 20п рамна етапа со калдрма 5 8 јули Арас до Амјен 189,5 км 20п рамна етапа 6 9 јули Абвил до Авр 191,5 км 20п рамна етапа 7 10 јули Ливаро до Фужер 190,5 км 20п рамна етапа 8 11 јули Рен до Мур де Бретањ 181,5 км 20п среднопланинска етапа 9 12 јули Ван до Плимелек 28 км 20п екипен хронометар 13 јулиПо 20п ден за одмор10 14 јули Тарб до Кол де ла Пјер Сен Мартин 167 км 20п планинска етапа 11 15 јули По до Котре 188 км 20п планинска етапа 12 16 јули Ланмезан до Плато де Бел 195 км 20п планинска етапа 13 17 јули Мире до Родез 198,5 км 20п среднопланинска етапа 14 18 јули Родез до Менд 178,5 км 20п среднопланинска етапа 15 19 јули Менд до Валанс 183 км 20п ридеста етапа 16 20 јули Бур де Пеаж до Гап 201 км 20п среднопланинска етапа 21 јулиГап 20п ден за одмор17 22 јули Дињ ле Бен до Пра Луп 161 км 20п планинска етапа 1823 јули Гап до Сен Жан де Морен 186,5 км 20п планинска етапа 19 24 јули Сен Жан де Морен до Ла Тусир - Ле Сибел 138 км 20п планинска етапа 20 25 јули Модан до Алп д’Ез 110,5 км 20п планинска етапа 21 26 јули Севр до Париз 109,5 км 20п рамна етапа Вкупно 3360,3 км

Преглед на трката

мини|Тони Мартин () чекал до четвртата етапа да ја облече водечката жолта маичка откако завршил втор на секоја од воведните три етапи. Паднал на шестата етапа на Тур.

Воведниот поединечен хронометар на трката во Утрехт бил освоен од Роан Денис од со разлика од пет секунди пред возачот на Тони Мартин, додека возачот на Фабијан Канчелара доцнел една секунда зад него. Денис поставил рекорд за најбрза просечна брзина на хронометар на Тур, со 55,446 км/ч. Неговата победа му ја донело водечката жолта маичка на трката. На втората етапа, накрсните ветрови долж крајбрежната патека до целта во Зеланд предизвикале главната група да се подели на ешалони, поради што се јавиле временски разлики. Етапата завршила во масовен спринт, освоен од Андре Грајпел, донесувајќи му ја зелената маичка како предводник во бодовниот пласман. Денис бил во групата која завршила една минута и дваесет и осум секунди зад победникот. Канчелара завршил трет на етапата и го презел водството на трката, профитирајќи од временскиот бонус пропуштен од Мартин, кој стигнал деветти. Фаворитите за генералниот пласман кои добиле време како водечката група од дваесет и шестмина биле Крис Фрум, Алберто Контадор и Тиџеј ван Гардерен; другите фаворити завршиле во истата група како Денис. На третата етапа, трката била неутрализирана по големиот пад на 58 километри пред целта кој оставил шест возачи надвор од трката, вклучувајќи го Канчелара. Групата продолжила до завршното искачување, Мур де Хуј, каде Хоаким Родригес се одвоил од Фрум за да ја освои етапата за една секунда. Родригес ја добил првата точкеста маичка како предводник во планинскиот пласман, а Фрум ја презел жолтата, добивајќи време пред другите фаворити за генералниот пласман. Бил трет ден по ред како Мартин завршувал втор зад тројца различни возачи. Четвртата етапа со повремена калдрма му припаднала на Мартин, како и жолтата маичка по нападот на водечката група на 3 километри пред целта.