Љубовишта — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Љубовишта се наоѓа на 29 километри југоисточно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 507 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 6475 км2.
Историја Османлиско Царство
Според академикот Иван Дуриданов етимологијата на името Љубовишта доаѓа од -ишти од личното име Љубо.Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. во: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 186.
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Либовица (Libovitsa) било село со 22 семејства и 70 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 жители, од кои 50 Турци и 200 МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190..
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 македонски патријаршисти, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 19 ученициBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193..
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население +Население на Љубовишта по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 317 378 383 264 83 55 42 36 19 21
+Население по возраст од 2011 година:
Наводи
Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија