Јоханес Штарк ( - ) — германски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика,и бил тесно поврзан со движењето „Германска физика“ а време на националсоцијалистите.
Животопис Детство Роден во Шикенхов,Кралството на Баварија(сегашен Фреихунг),Штарк се школувал во гимназијата Бејрут,а подоцна во Регенсбург. Неговото факултетско образование започнало на Минхенскиот Универзитет,каде што студирал физика,математика,хемија и кристалографија.Тој започнал со учење во тој факултет започнал во 1894;дипломирал во 1897,со својот докторат под наслов (особени оптички својства на саѓи)Entry in the catalogue of the Bavarian State Library, Munich . Opacplus.bsb-muenchen.de. Посетено на 2012-07-27.
Кариера Штарк работел на разни позиции на физичкиот институт на неговиот алма матер сè до 1900,кога станал неплатен предавач на Готингеновиот Универзитет.Извонреден професор во Хановер од 1906,во 1908 стана професор на Ацхеновиот универзитет.Тој работел и истражувал во физичкиот оддел на некои универзитети,вклучувајќи го и Греифсвалдовиот универзитет,се до 1922.Во 1919,ја освоил Нобеловата награда за физика за неговото „Откривање на Доплеровиот ефект кај каналните зраци и поделба на спектралните линии во електричните полиња” (познат како Штарк ефект).Од 1933 сè до неговото пензионирање во 1939,Штарк бил избран за претседател на Физичко Техничката Школа,додека исто така бил претседател и на Германската фондација за истражување.Штарк беше тој што како уредник на (-),побарал во 1907, тогаш сѐ уште непознатиот,Алберт Ајнштајн да напише прегледна статија за принципот на релативноста.Штарк бил импресиониран од релативноста и претходната работа на Ајнштајн каде што тој цитирал “Принципот на релативноста од страна на Х.А Лоренц и А.Ајнштајн” и “Планковата врска "M0 = E0/c2" во 1907 се нашла во Физичкиот весник ,каде што ја користел равенката e0 = m0c2 за да пресмета "елементарен атом на енергија,т.е. количината на енергија кои се однесуваат на масата на еден електрон на одмор.Додека работел на својата статија Translated in Schwartz, H. M. (1977) Einstein's comprehensive 1907 essay on relativity, parts I, II, III , American Journal of Physics, June, September and October, 1977.,Ајнштајн започнал со линија на мисли кои на крајот ќе доведат до неговата општа теорија за релативноста,кој пак станал(по неговото потврдување) почетокот на Ајнштајновата светска слава.Иронично,дадена е Штарковата подоцнежна работа како анти-Ајнштајн и анти-релативистички пропагандист во Германското физичко движење.Norton, John D. "Einstein and Nordström: Some Lesser-Known Thought Experiments in Gravitation", John Earman, Michel Janssen, John D. Norton (eds.), Birkhäuser, 1993, pp. 3–29 (p. 6). ISBN 0-8176-3624-2
Штарк објавил повеќе од 300 трудови,главно во врска со електричната енергија и други такви теми.Тој добил бројни награди,вклучувајќи ја и Нобеловата награда,Баумгартнеровата награда од Виенската Академија на Науките(1910),Валбруховата награда од Готингенската Академија на Науките(1914),како и Матеучи медал од Римската Академија.Веројатно негов најдобро познат придонес во полето на физиката е Штарк ефектот,кој го открил во 1913.
Се оженил со Луис Еплер,и тие имале 5 деца.Негови хобиа биле одгледување на овошни дрва и шумарство.Работел во својата приватна лабораторија на неговата земја во Горна Баварија,после војната.Таму тој го проучувал отклонување на светлина во електрично поле.Johannes Stark – Biography. Nobelprize.org. Посетено на 2012-07-27.
Поврзаност со Националсоцијализмот
За време на националсоцијализмот, Штарк се обидел да стане фирер за германска физика преку здружението на германските физичари (заедно со Филип Ленард) негирајќи ја еврејската физика на Алберт Ајнштајн и Вернер Хајзенберг (кој не бил Евреин). Откако Вернер Хајзенберг застанал во одбрана на теоријата за релативноста, Штарк во лутина напишал статија во весникот SS со наслов Црниот корпус, Das Schwarze Korps нарекувајќи го Хајзенберг „бел евреин“.
На 21 август 1934 Штарк му пишал на физичарот и добитник на Нобелова награда за физика Макс фон Лауе да ја смени партиската линија или ќе има последици. Писмото било потпишано со „Хајл Хитлер“.Reisman, Arnold (2006) Turkey's Modernization: Refugees from Nazism and Ataturk's Vision . ISBN 978-0-9777908-8-3
Во својата книга којашто ја издал во 1934 наречена „Националсоцијализмот и физиката“, Штарк тврдел дека приоритет на научникот е да му служи на народот, важни полиња на истажување биле оние кои можат да помогнат во производството на германското оружје и индустријата. Тој ја нападнал теоретската физика како „еврејска“ и истакнал дека научните работни места во Третиот Рајх треба да бидат во рацете на чистокрвни Германци.
Во 1947, по поразот на Германија во втората светска војна, Штарк е прогласен за „сторител на тешки дела“ и добил затворска казна со должина од 4 години (подоцна повлечени) од судот за денацификација.
Објавени дела Откривањето на електрична енергија од страна на галвански блескав јаглен во реткиот гас. (Sonderabdruck aus 'Annalen der Physik und Chemie', Neue Folge, Band 68). Лајпциг 1899 Промена во спроводливоста на гасови преку постојана струја.(Sonderabdruck aus 'Annalen der Physik', 4. Folge, Band 2). Лајпциг 1900 На влијанието од греењето на електричните светилки на разредениот гас. (Sonderabdruck aus 'Annalen der Physik', 4. Folge, Band 1). Лајпциг 1900 Критички коментари во врска со изјавата на Остин и Штарк за Катодната рефлексија.(Sonderabdruck aus 'Verhandlungen der Deutschen Physikalischen Gesellschaft', Jahrgang 4, Nr. 8). Брауншвеиг, 1902 Принципи на динамиката на атомите. 1 дел. Електричниот обем. 1910 Тешкотии за хипотезата за светлина кванти во случај на издавање на серија линии. (Sonderabdruck aus 'Verhandlungen der Deutschen Physikalischen Gesellschaft', Jg. XVI, Nr 6). Брауншвеиг 1904 Забелешки на лак - и радио спектар на хелиум. (Sonderabdruck aus 'Verhandlungen der Deutschen Physikalischen Gesellschaft.', Jg. XVI, Nr. 10). Брауншвеиг 1914 Импликации на (Valenzhypothese). III. Природни авион на осцилација на светлината.(Sonderabdruck aus `Jahrbuch der Radioaktivität und Elektronik', Heft 2, Mai 1914), Лајпциг 1914 Метод за симултан распаѓање на линија на електрични и магнетни полиња. (Sonderabdruck aus 'Verhandlungen der Deutschen Physikalischen Gesellschaft.', Jg. XVI, Nr. 7). Брауншвеиг 1914 Сегашната криза на германската физика, ("Кризата се темели на Германската физика") 1922 Природата на хемиски валентни, 1922 Хитлеровиот дух и наука, 1924 година, заедно со Филип Ленард На (axiality) емитувањето на светлината и атомска структура, Берлин 1927 Атомската структура и атомското сврзување, А. Сејдел, Берлин 1928 Атомски хемиска структура и Принципи на азот., Лајпциг, 1931 Националсоцијализмот и Католичката црква во 1931 година Националсоцијализмот и Католичката црква. . II: Одговор со демонстрации на германските епископи во 1931 година. Национално образование, 1932 Националсоцијализмот и науките, 1934 Прагматистичкиот и догматското Дух во физика (Nature 141, стр. 770-772), 1938 Физика на атоми површина 1940 Еврејски и германски физика ("еврејски и германски физика") со Вилхелм Милер, напишана на Универзитетот во Минхен во 1941 година Национално образование, централната власт и политика лицемер, без датум Цели и личноста на Хитлер ( "Цели и личноста на Хитлер"), без датум
Наводи
Надворешни врски
Pictures of a Danish translation of Stark's Adolf Hitler: Aims and Personality Klaus Hentschel (ed.) Physics and National Socialism. An Anthology of Primary Sources., Birkhäuser-Verlag, Basel, 1996; 2. Aufl. 2011, ISBN 3034802021.
Категорија:Германски физичари Категорија:Спектроскопичари Категорија:Оптички физичари Категорија:Физичари од 20 век Категорија:Националсоцијалисти Категорија:Членови на Леополдина Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Германски нобеловци Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките