Рикардо Сапонара (роден на 21 декември 1991, во Форли) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Фјорентина.

Технички одлики Сапонара е офанзивен играч од средниот ред со добра техника, брзина и физичка сила, исто така, има одличен дриблинг, но не ги заборава ни дефанзививните задачи. Може да дејствува и како офанзивно крило (најчесто десно).

Клупска кариера Равена Сапонара пораснал играјќи фудбал во младинските школи на Самартинезе и Форли, а во текот на летото на 2007 се префлил во екипата на Равена во Серија Б, иако сè уште настапувал во Примавера првенството. Во сезоната 2008-2009 екипата на Равена испаднала во Лега Про Прима Дивизионе и Сапонара бил вклучен во првиот тим на тренерот Џанлука Атѕори, каде што тој собрал седум натпревари, вклучувајќи и еден настап во Купот на Италија против Џенова и 3 во Лега Про купот.

Емполи и Милан На 24 јануари 2009, Емполи го купил Сапонара преку договор за ко-сопственост за 750.000 евра. На 25 јуни 2010, по две сезони во Примавера, екипата од Тоскана целосно го откупила договорот на играчот од Равена. за 500.000 евра. Тој го направил своето деби во првиот тим на 13 ноември, во натпреварот против Аталанта во Серија Б во кој неговиот тим победил со 3-0 на домашен терен. Својата прва сезона во Емполи ја завршил со 17 лигашки настапи, од кој седум како стартер.

Следната сезона тој го постигнал својот прв гол како професионалец, за време на натпреварот против Реџина (3-2) на 26 септември 2011. Во текот на неговата втората сезона во клубот одиграл 30 натпревари во Серија Б, од кој 21 како стартер, 2 во плејаутот (во кои Тосканците излегле како победници по два натпревари против Виченца и обезбедиле опстанок) и 2 во Купот на Италија. На 1 септември 2012, за време на сезоната 2012-2013, за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар, во ремито 2-2 против Новара. По првата половина од сезоната, во која на 18 натпревари, Сапонара постигнал 8 гола и 7 асистенции, на 21 јануари 2013 на Милан откупил 50% од неговиот договор за 3,8 милиони €; играчот останал на позајмица во Емполи до крајот на сезоната.

Емполи ја завршил сезоната на 4 место во лигата, обезбедувајќи учество во плејофот, каде тие биле поразени во финалето од Ливорно. Вкупно Сапонара одиграл 40 натпревари и постигнал 13 гола за сезоната 2012-2013. По завршувањето на позајмицата, тој ја започнал неговата авантура со росонерите, одлучувајќи да го носи дресот со број 8. Тој го направил своето деби со екипата од Милано на 27 октомври 2013 година, во 9-тото коло од првенството, во поразот со 3-2 на гостувањето кај Парма. На 22 декември за првпат во дресот на Милан бил стартер, играјќи во Миланското дерби против Интер (пораз со 1-0). На 20 јуни 2014 година, Милан ја откупил и втората половина од договорот на играчот.

Враќање во Емполи На 16 јануари 2015, Сапонара се вратил во Емполи на позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп. Своето деби го направил четири дена подоцна во натпреварот Рома-Емполи 2-1 во Купот на Италија. Дебитирал во лигата, десет дена подоцна во натпреварот Емполи-Удинезе 1-2 отворајќи го резултатот од пенал; ова бил неговиот прв гол во Серија А во кариерата и првиот гол во неговата второ искуство со тосканците. На 22 март за првпат бил двоен стрелец на еден натпревар во Серија А, во натпреварот Емполи-Сасуоло 3-1. На 13 мај 2015 година бил откупен од Емполи за 4 милиони €.

На 23 август 2015, го одбележал својот прв гол за сезоната против Кјево, за моментален резултат 1-0 (на крајот Кјево победил со 1-3). Веќе во следното коло повторно бил стрелец во поразот со 2-1 од неговиот поранешен тим Милан.

Фјорентина На 28 февруари 2017, Сапонара се преселил во Фјорентина на заем до крајот на сезоната со обврска за откуп на играчот по завршувањето на позајмицата.

Репрезентативна кариера Сапонара може да се пофали со 26 натпревари и 3 гола за три различни италијански младински репрезентации. На 22 септември 2009, дебитирал во дресот на репрезентацијата под 19 години, влегувајќи како замена во второто полувреме на пријателскиот натпревар против Данска кој го загубиле со 4-1.

Статистика Статистика е ажурирана на 2 ноември 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2008-2009 Равена 1Д 3 0 КИ+КИ-ЛП 1+3 0+0 - - - - - - 7 0 2010-2011 Емполи Б 17 0 КИ 0 0 - - - - - - 17 0 2011-2012 Б 30+2Плејаут. 1+0 КИ 2 0 - - - - - - 34 1 2012-2013 Б 36+4Плејоф. 11+2 КИ 0 0 - - - - - - 40 13 2013-2014 Милан А 7 0 КИ 0 0 ЛШНе бил вклучен на списокот за УЕФА. - - - - - 7 0 2014-јан. 2015 А 1 0 КИ 0 0 - - - - - - 1 0Вкупно Милан 8 0 0 0 - - - - 8 0 јан.-јун. 2015 Емполи А 17 7 КИ 1 0 - - - - - - 18 7 2015-2016 А 33 5 КИ 1 0 - - - - - - 34 5 2016-јан. 2017 А 18 2 КИ 1 0 - - - - - - 19 2Вкупно Емполи151+626+2 5 0 - - - - 16228 јан.-јун. 2017 Фјорентина А 11 2 КИ - - ЛЕ 0 0 - - - 11 2 2017-2018 А 11 0 КИ 2 0 - - - - - - 13 0Вкупно Фјорентина 22 2 2 0 0 0 - - 24 2Вкупно во кариерата 184+6 28+2 11 0 0 0 - - 201 30

Наводи

Надворешни врски

Рикардо Сапонара на soccerway Рикардо Сапонара на transfermarkt Рикардо Сапонара на espn Рикардо Сапонара на goal.com Рикардо Сапонара на whoscored Рикардо Сапонара на tuttocalciatori.net

Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Равена Категорија:Фудбалери на ФК Емполи Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Родени во 1991 година