Ѓурѓа (Ѓурѓица) Бједов (р. во Сплит, СР Хрватска, СФРЈ) — поранешна хрватска пливачка и единствена освојувачка на златен медал за Југославија во пливање на Олимписките игри.
На Летните олимписки игри 1968 одржани во Мексико, таа го освоила златниот медал на трката на 100 метри градно и сребрениот медал на 200 метри градно, и поставила олимписки рекорд на трката на 100 метри градно од 1:15.8.Durđa Bjedov На крајот на годината, таа била прогласена за спортистка на годината во Југославија.
По пливачката кариера, Бједов станала пливачки тренер. Нејзината ќерка Анамарија Петричевиќ, која исто така е пливачка, се натпреварувала на Летните олимписки игри 1988. Двете сега живеат во Локарно, Швајцарија.http://arhiv.slobodnadalmacija.hr/19991216/sport2.htmhttp://arhiv.slobodnadalmacija.hr/19991230/sport2.htm
Во 1987 година, таа била примена во Меѓународната пливачка куќа на славни.
Наводи
Надворешни врски Бједов на мрежното место на ISHOF
Категорија:Родени во 1947 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Југословенски пливачи Категорија:Луѓе од Сплит Категорија:Освојувачи на златни олимписки медали за Југославија