Деветнаесеттата македонска ударна бригада (позната и како Бригада „Гоце Делчев“) била формирана на 8 октомврид-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 134-136 1944 година во село Лаки, Виничко, на планината Плачковица. Била формирана од еден баталјон од борците на Македонската бригада „Гоце Делчев“, делови на Тринаесеттата македонска бригада и новопристигнати борци. Била во составот на Педесеттата македонска дивизија на НОВЈ. Наскоро нараснала на 1.144 борци и старешини, на 13 ноември 1944 година, а потоа на 1.429 борци на 25 ноември 1944 година.

Команден состав Командниот состав на бригадата го сочинувале: Благој Левков, командант

Политички комесар бил: Боро Симеонов Вукашин Шоќ

Борбени дејства Во составот на бригадата делувале четири баталјони, еден придружен и еден извидувачки вод. Дејствувала на комуникациите Штип-Радовиш и Штип-Кочани, спречувајќи го повлекувањето на германските сили кои се повлекувале на север. Позначајни борби во рамките на овие операции се воделе кај село Тернаци и с. Кучичино на 30 октомври 1944 година, и кај селото Калаузлија на 4 ноември 1944 година.

По ослободувањето на Штип, учествувала во борбите против балистите и во ослободувањето на Тетово на 19 ноември 1944 година. Со декемвриската реорганизација, бригадата била расформирана на 6 декември 1944 година, а главнината влегла во составот на Четиринаесеттата македонска младинска ударна бригада „Димитар Влахов“.

Наводи

Категорија:Бригади на НОВМ