Белевехчево — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Белевехчево се наоѓа на 4 километри источно од Свети Врач, во планински регион. Сместено е во западните делови на планината Пирин, на надморска висина од 364 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 187 км2. Се одликува со преодно-средоземна клима, со благи зими и топли, долги лета.
Во последниве години, селото се развива како место каде поранешните жители на селото градат вили поради поволните климатски услови за релаксација. Селото е почетната точка за пешачење до планината Пирин и Националниот парк „Пирин“.
Историја Османлиско Царство
Црквата „Свети Ѓорѓи“ датира од средината на XIX век. Од 1865 до 1873 година, во селото работело селско училиште, а учител бил Андон Анастасов. Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Белевесчево (Bélévestchévo) е е село со 32 семејства и 100 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140 – 141.. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 340 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189..
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 13 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829.
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население +Население на Белевехчево по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 88 78 90 16 4 2 3 1 1 0
+Население по возраст од 2011 година:
Наводи
Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија