Чао Праја ) — голема река во Тајланд, чија наносна рамнина го образува средиштето на земјата. Тече низ градот Бангкок, па на крај се влева во Тајландскиот Залив.

Географија Реката Чапо Праја се образува со слевање на реките Пинг и Нан кај градот Након Саван во истоимената покраина. Потоа продолжува јужно и тече од централната рамнина до Бангкок и Тајландскиот Залив. Во покраината Чајнат, реката се двои на главно течение и растоката Та Чин, која тече напоредно на главната река и истекува во Тајландскиот Залив околу западно од Бангкок во Самут Сакон. Ниската наносна рамнина што почнува под Чајнатската брана е испресечена со многубројни мали канали (клонгови) што се извдојуваат од главната река и служат за наводнување на оризарниците.

Подрачјето по течението нареката има монсунска клима, со преку дожд годишно. Температурата се движи од во Бангкок.

Зафати на реката мини|исправено|Орвобитното течени на реката и каналите-кратенки

Долното течение на реката е неколкупати преуредувано за време на Ајутајското кралство. Ископани се неколку канали за да како кратенки за големите свијоци, скратувајќи го од главниот град до морето. Со време течението на самата река се има изменето така што денес ги следи овие канали.

1538 — ископан првиот зафат, 3-километарски канал по наредба на кралот Чајрача. Денес каналот се нарекува „Клонг Бангкок Ној“. Со ова е скратена пловидбата на бродовите од Тајландскиот Залив до тогашната престолнина Ајутаја за .Steve Van Beek: The Chao Phya, стр. 39 1542 — ископан 2-километарски канал, денес наречен „Клонг Бангкок Јај“, скратувајќи го пловниот пат за . 1608 — ископан 7-километарскиот канал „Клонг Банг Прао“, сратувајќи го течението на Чао Праја за . 1636 — ископан каналот „Клонг лат меанг Нонтабури“. 1722 ископан ископан 2-клиометарскиот канал „Клонг лат Крет Ној“, со кој течението е скратено за .

Крајречни градови Поважни населени места на реката Чао Праја, од северн кон југ, се градовите Након Саван, Утај Тани, Чајнат, Сингбури, Анг Тонг, Ајутаја, Pатум Тани, Нонтабури, Бангкок и Самут Пракан. Поради нивната положба на речните брегови, ова се градови со најголемо историско значење и најгуста населеност.

Сообраќај мини|Продавачка на храна во чун на реката Најголемите мостови преку реката Чао Праја се во Бангкок и околината. Тоа се мостовите: „Рама VI“, „Пра Пинклао“ кај Голем дворец, „Рама VIII“, „Рама IX“ и „Пумипон“, кој е дел од индустриската обиколница.

Реката Чао Праја претставува значајна сообраќајна артерија низ која пловат голем број линии на јавни пловила, прекуречни траекти и такси-пловила.

Притоки Главни притоки на Чао Праја се Па Сак, Саке Кранг, Нан (заедно со нејзината главна утока, Јом), Пинг (заедно со нејзината главна утока, Ванг) и Та Чин. Секоја од притоките (како и самата Чао Праја) добива вода од мноштво мали притоки, разгранети во речиси секоја покраиуна во цреден и северен Тајланд.. Ниедна од притоките не излегува од државните граници. Реките Нани Јом течат речиси напоредно од Питсанулок до Чумсенг во северниот дел на покраината Након Саван.

Поврзано Список на реки во Тајланд Географија на Тајланд

Наводи

Надворешни врски

Видеоводич низ реката Чао Праја Програм за хидролошко оценување на реката Чао Праја — УНЕСКО Истражно-прирачен портал за Делтата на Чао Праја

Категорија:Реки во Тајланд Категорија:Екорегиони во Азија