Нонтабури () — град во среден Тајланд, административен центар на истоимениот округ и истоимената покраина. Како градска општина, има пет реони (тамбон): Суан Јај, Талат Кван, Банг Кен, Банд Красо и Та Сај. Во 2012 г. градот имал 258.550 жители, што го прави најголем во земјата по Бангкок.
Поради неговата географска близина до Бангкок, градот е фактички негово предградие, во состав на метрополитенската област. Нонтабури го опслужуваат градските автобуси на Бангкок, брзите градски бродови на реката Чао Праја и Виолетовата линија на Бангкокшкото метро.
Поврзано Нонтабури (покраина)
Наводи
Надворешни врски
Портал на Нонтабури
Категорија:Градови во Тајланд Категорија:Нонтабури (покраина)