Скијачките скокови биле вклучени во програмата на сите изданија на Зимските олимписки игри. Од 1924 до 1956, натпреварите вклучувале скокање од скокалница чија должина се менувала од игри на игри. Повеќето историчари ја сместиле оваа должина на 70 метри и ја класифицирале како голема скокалница. На игрите во 1960 должината била стандардизирана на 80 метри. Четири години подоцна било додадено натпреварувањето на мала скокалница од 70 метри (K-90). Должината на големата скокалница била зголемена од 80 na 90 метри (K-120) на Зимските олимписки игри 1968. Екипното натпреварување на голема скокалница било воведено на Зимските олимписки игри 1988. Од Зимските олимписки игри 1992 натпреварувањата се водат по оддалеченоста на критичната точка наместо по должината на залетиштето и тоа е задржано до денес. На Зимските олимписки игри 2006, малата скокалница била означена како HS 106 (K-95), а големата како HS 140 (K-125).

На 6 април 2011 година, Меѓународниот олимписки комитет официјално ги прифатил скијачките скокови во женска конкуренција во официјалната програма на Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, Русија. На 11 февруари 2014 година, Карина Вогт од Германија го освоила првиот златен медал во скијачки скокови во женска конкуренција на Зимските олимписки игри.http://www.bbc.com/sport/0/Зимски-olympics/26057176

Дисциплини Дисциплина 24 28 32 36 48 52 56 60 64 68 72 76 80 84 88 92 94 98 02 06 10 14 Години Голема скокалница поединечно за мажи • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • 22 Мала скокалница поединечно за мажи • • • • • • • • • • • • • • 14 Голема скокалница екипно за мажи • • • • • • • • 8 Мала скокалница поединечно за жени • 1 Вкупно дисциплини 1111111122222233333334

Табела на медали

1 10 8 4 22 2 9 9 12 30 3 6 9 10 25 4 5 3 1 9 5 4 1 0 5 6 3 5 3 11 7 3 3 1 7 8 2 3 2 7 9 1 2 4 7 10 1 0 1 2 11 1 0 0 1 12 0 1 2 3 13 0 1 1 2 0 1 1 2 15 0 0 1 1 0 0 1 1 Вкупно 45 46 44 135

Наводи

Wallenchinsky, David (1984). Ski Jump, 90-meter Hill. The Complete Book of The Olympics.

Надворешни врски FIS ski jumping results at the Winter Olympics

Категорија:Спортови на Зимските олимписки игри