Беслен () — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Хаџидимово на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Село Беслен се наоѓа во планинска месност, на западниот дел на Родопите. Надморската височина е околу 753 м. Наоѓа се на 2 км од општинскиот центар Хаџидимово. На самата граница со Егејска Македонија се наоѓа возвишението Бесленски Рид наречено по селото.

Историја Отоманско Царство

Според Јордан Зајмов, етимологијата на името е постарата форма Бесњане од името Бјасна (река, езерце), Бесен (долина, поток) и слично. Споредливи се областа Бесен рид кај Самуилово, Петричко, Бесничко дере кај Варвара, Пазарџик, што е придавка од месното име Бесник, Бесница, Бесничевец над Струмешница кај Петрич и други.

Во текот на XIX век, селото било населено со муслимани и било во составот на Неврокопската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Бослен (Boslen) имало 28 домаќинства и 75 жители помаци Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995. Според Стефан Верковиќ, на крајот на 19 век, Беслен се состои од 110 жители кое живеело во 28 куќи.Стоян Райчевски – „Българите Мохамедани“. София 2004, стр. 111 – 124. ISBN 954-9308-51-0 Во 1899 година селото имало население од 307 жители според резултатите од пописот на населението на Отоманското Царство.Зеленгора, Георги. Помаците в Турция – 7 // Pomak News Agency, 2 януари 2012. Архивирано на 2012-07-14. Посетено на 3 јануари 2012 Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 жители, сите муслимани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:

Број на население Вкупно 723Бугари 308Турци - Роми - Останати - Не се определиле - Без одговор 414 Денес, во Беслен живеат 661 жителиwww.grao.bg.

Културни и природни знаменитости

Во Беслен се наоѓа една џамиjа и една црква, но нема свештени лица.

Поврзано Бесленски Рид

Наводи

Категорија:Општина Хаџидимово Категорија:Села во Пиринска Македонија