Алпското скијање се одржува на секои Зимски олимписки игри од 1936, кога алпската комбинација била одржана на игрите во Гармиш-Партенкирхен, Германија.
Од 1948 до 1980, Зимските олимписки игри исто така служеле како Светско првенство во алпско скијање во олимписките години. За време на овој период, освојувачите на олимписки медал добивале дополнителен медал со иста боја од страна на Меѓународната скијачка федерација (FIS).
Натпреварите по велеслалом биле воведени на Светското првенство во 1950 година и на игрите во 1952 година; двете програми ја отстраниле алпската комбинација, но оваа дисциплина се вратила на Светското првенство во 1954 година како трка на "хартија", користејќи ги резултатите од слаломот, велеслаломот, и спустот. На игрите од 1956 до 1980, медалите за алпска комбинација ги доделувала Меѓународната скијачка федерација. Како посебна дисциплина (една трка спуст, две трки слалом), алпската комбинација се вратила на игрите во 1988 година, на кои исто така била воведена трката во супервелеслалом. На игрите во 2010 во Ванкувер, на официјалната програмата била воведена супер комбинацијата која се состои од една трка спуст и една трка слалом и се одржува во еден ден.
На врвот на табелата на медали на сите времиња во машка конкуренција се наоѓа норвежанецот Кјетил Андре Омот кој има освоено вкупно осум олимписки медали (од кои четири златни), а во женска конкуренција водач на табелата е хрватката Јаница Костелиќ која има освоено вкупно шест олимписки медали (од кои четири златни).
Домаќини Година Град Држава Друго натпреварување 1936 Гармиш-Партенкирхен 1948 Сент Мориџ Светско првенство во апско скијање 1948 1952 Осло Светско првенство во апско скијање 1952 1956 Кортина д’Ампецо Светско првенство во апско скијање 1956 1960 Сква Вали Светско првенство во апско скијање 1960 1964 Инсбурк Светско првенство во апско скијање 1964 1968 Гренобл Светско првенство во апско скијање 1968 1972 Сапоро Светско првенство во апско скијање 1972 1976 Инсбурк Светско првенство во апско скијање 1976 1980 Лејк Пласид Светско првенство во апско скијање 1980 1984 Сараево 1988 Калгари 1992 Албервил 1994 Лилехамер 1998 Нагано 2002 Солт Лејк Сити 2006 Торино 2010 Ванкувер 2014 Сочи
Дисциплини Алпска комбинација за мажи • • • • • • • • • • 10 Спуст за мажи • • • • • • • • • • • • • • • • • • 18 Слалом за мажи • • • • • • • • • • • • • • • • • • 18 Велеслалом за мажи • • • • • • • • • • • • • • • • • 17 Супервелеслалом за мажи • • • • • • • • 8 Алпска комбинација за жени • • • • • • • • • • 10 Спуст за жени • • • • • • • • • • • • • • • • • • 18 Слалом за жени • • • • • • • • • • • • • • • • • • 18 Велеслалом за жени • • • • • • • • • • • • • • • • • 17 Супервелеслалом за жени • • • • • • • • 8 Вкупно 266666666661010101010101010
Табела на медали
Националните олимписки комитети напишани со коси букви повеќе не се натпреваруваат на Зимските олимписки игри
1 34 39 41 114 2 20 19 20 59 3 16 19 9 44 4 15 15 15 45 5 13 9 8 30 6 ^ 12 7 7 26 7 10 9 10 29 8 5 2 9 16 9 4 6 0 10 10 4 1 6 11 11 ^ 3 5 1 9 12 2 2 5 9 13 2 2 3 7 14 ^ 2 1 2 5 15 1 0 1 2 16 0 2 0 2 0 2 0 2 18 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 22 0 0 1 1 0 0 1 1 0 0 1 1 0 0 1 1 Вкупно 143 144 141 428
^ Германија се натпреварувала на Зимските олимписки игри под различни имиња; сите од нив се истакнати посебно. На Германија и било забрането да настапува на игрите во 1948, а во 1952 настапила како Германија, иако со само натпреварувачи од Западна Германија. Од 1956 до 1964, Западна Германија и Источна Германија се натпреварувале под името Обединета екипа на Германија. Од 1968 до 1988, двете држави настапувале посебно. По обединувањето на Германија во 1990 година, бил возобновен германскиот тим кој обединет се појавил на игрите во 1992 година. До 2014, Германија има освоено вкупно 40 медали во алпско скијање (17 златни, 13 сребрени, 10 бронзени).
Рекорди Неколку рекорди во поглед на годините биле поставени на Зимските олимписки игри 2014: Боде Милер (36) најстар освојувач на олимписки медал во алпско скијање; освоил бронзен медал во супервелеслалом. Микејла Шифрин (18) најмлада освојувачка на златен медал во слалом во алпско скијање; освоила златен медал во слалом. Марио Мат (34) најстар освојувач на златен медал во алпско скијање; освоил златен медак во мажи. Хенрик Кристоферсен (19) најмал освојувач на олимписки медал во алпско скијање; освоил бронзен медал во мажи.
Останати претходно поставени рекорди: Микела Фигини (17) најмлада освојувачка на златен медал во алпско скијање; освоила златен медал во спуст во 1984. Траудл Хехер (16) најмлад освојувач на олимписки медал во алпско скијање; освоил бронзен медал во спуст во 1960. Тони Зајлер (20) најмлад освојувач на златен медал во алпско скијање; освоил златни медали во слалом, велеслалом и спуст во 1956.
Наводи
Надворешни врски
FIS-Ski.com – Alpine skiing results – Winter Olympics Sports Reference – Winter Olympics – Alpine skiing Ski-db.com – results – Winter Olympics Olympic medalists – men Olympic medalists – women
Категорија:Спортови на Зимските олимписки игри