Туркменистан првпат настапил на Летните олимписки игри во 1996 година. На Зимските олимписки игри земјата нема учествувано.

Претходно, земјата настапувала во составот на репрезентацијата на СССР. По распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 година, Туркменистан заедно со уште 15 нови држави од поранешниот СССР на Зимските олимписки игри од 1992 година настапиле како Обединета екипа под олимписко знаме.

Подоцна во 1992 година, 11 здружени републики од поранешниот СССР повторно учествувале на Летните олимписки игри во Барселона. Како самостојна држава, Туркменистан за првпат настапил на Летните олимписки игри во 1996 година. Оттогаш учествувал на сите Летни олимписки игри.

Спортистите на Туркменистан на Летните олимписки игри досега немаат освоено медал.

Националниот олимписки комитет на Туркменистан бил основан во 1990 година, додека од страна на МОК бил признаен во 1993 година.

ЛОИ 1900–1912 како дел од 1952–1988 како дел од Барселона as part of Атланта 0 0 0 0 Сиднеј 0 0 0 0 Атина 0 0 0 0 Пекинг 0 0 0 0 Лондон 0 0 0 0 Вкупно 0 0 0 0

Категорија:Земјите на Олимписките игри