„Крадец... отмен мачор“ (италијански: Un ladro... gentilmicio) — роман за деца, дело на италијанските писатели Алесандро Гати и Давиде Моросиното и на илустраторот Стефано Туркони. Книгата е втор дел од серијалот „Мачки детективи“. Првобитно, книгата била објавена во 2013 година од издавачката куќа „Edizioni Piemme“ S.p.A.А. Гати - Д. Моросиното, Крадец... отмен мачор Скопје: Арс ламина - публикации, 2015.

Изданија на македонски јазик Книгата е издадена на македонски јазик во 2015 година од Арс ламина - публикации, како дел од едицијата „Бестселери за деца“. Преводот од италијански јазик го извршила Анета Симовска. Лектурата е дело на Јасмина Ѓоргиева, а техничкото уредување е направено во „Арс Ламина - публикации“. Книгата е отпечатена во печатницата „Бранко Гапо - графичко производство“ од Скопје, во тираж од 1.000 примероци. Таа има 120 страници, со формат од 12 x 20 сантиметри. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-229-939-6 (едицијата) и ISBN 978-608-229-928-0 (книгата).А. Гати - Д. Моросиното, Крадец... отмен мачор Скопје: Арс ламина - публикации, 2015.

Содржина Книгата има десет глави:А. Гати - Д. Моросиното, Крадец... отмен мачор Скопје: Арс ламина - публикации, 2015. Елеганција на пеперушката Засолниште на покривите Мачки во прв ред Невозможна кражба Исповедите на еден отмен мачор Чудниот господин Тремоли Парфеми и кристали Тајниот премин Големиот метеж во Лувр Лупин на четири шепи

Наводи

Категорија:Изданија на Арс ламина - публикации Категорија:Мачки детективи Категорија:Појавено во 2015 година во Македонија Категорија:Книги од 2013 година Категорија:Италијански романи