Кучкар (, Галини, до 1927 г. Κοτσικάρ, КоцикарΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κοτσικάρ -- Γαλήνη; до 1949 Κρύα Νερά, Крија Нера, ГирмитаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Βερτίσκος) — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 77 жители (2021).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на неколку километри североисточно од градот Лагадина и на 4 километри западно од Висока, на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 610 метри.
Историја
Во XIX век Кучкар е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 140 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.. Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Галини.
Население
Во 1928 година селото броело 130 жители., додека во 1940 година селото броело 156 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 127 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 152 жители, во 1971 година имало 48 жители, во 1981 година имало 87 жители, додека во 1991 година имало 107 жители. Денеска, населението на селото е 161 жител според пописот од 2001 година.
Наводи
Категорија:Лагадина