Лозја — археолошко наоѓалиште во прилепското село Дупјачани. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на 600 м од селото, на југозападната падина од ридот Сурун, каде се наоѓаат фрагменти од керамички садови, тегули, покривни ќерамиди и друг градежен материјал.
Поврзано Гробишта — некропола од римско време; Петро Ливада — населба и некропола од римско време; Гробишта I — некропола од римско време; Селска Црква — осамен наод од римско време; Сурун — населба од римско време; Дупјачани; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Дупјачани