Свети Никола — гробјанска селска црква во тетовското село Доброште, Македонија.
Црквата се наоѓа над селото, а околу нејзе се сместени селските гробишта.
Местоположба
Црквата се наоѓа над последните селски куќи, на допир со планинскиот предел над селото.
Историја
За време на турското владеење со Македонија, овој храм бил главната селска црква и во него служеле 2 свештеника. Подоцна бил целосно разоран.Афанасий Селишчев; Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии. — София, 1929. стр. 50 и 62 Последниот свештеник бил убиен од страна на некој Албанец од селото Желино.
Празнување
Главниот патрон се чествува на Свети Никола Летен во мај. Според традицијата мажите утрото одат во малата црква и ги принесуваат славските колачи, а прославата на празникот продолжува по домовите каде Свети Никола Летен се чествува како селска слава. Традиционално на овој ден главно во вечерните часови се организира општо-народна прослава која, а на која освен доброштани присуствуваат и гости од околните населени места.
Галерија
Поврзано Црква „Св. Јован Крстител“ Тетовско архијерејско намесништво Вратничка парохија Доброште
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Доброште Доброште Категорија:Градби оштетени за време на Воениот конфликт во Македонија