мини|десно|350px|Печење под вршник Вршник или сач — капак со сферен облик под кој на огниште, во црепна или тепсија, се пече леб, зелник, месо и слично. Вршникот најчесто е метален, но може да биде и земјен или керамички. Јадењата подготвени под вршник се етнички специјалитети како во Македонија, така и пошироко на Балканскиот Полуостров.

Печење под вршник Во отворено огниште се поставува пирустија, се разгорува оган, и се поставува црепната со храна. Потоа над неа се поставува вршникот и врз него тура жар. Огнот и жарта се одржуваат постојани во текот на потребното време на печење. Откога печењето на храната ќе заврши, се турка пепелта и жарта од вршникот, се крева со маша, и се вади печеното од црепната.

Традиционални јадења под вршник мини|десно|200px|Ѓомлезе Додека во минатото под вршник најмногу се печел леб, денес овој начин се користи за одредени традиционални јадења и специјалитети како што се зелник, мазник, ѓомлезе и месо.

Поврзано Црепна Пирустија Маша

Наводи

Категорија:Кујнски прибор