Патот до зората — роман на македонскиот писател Јован Стрезовски.

Технички одлики Романот бил првобитно објавен во 1962 година од страна на издавачката куќа „Култура“, како дел од библиотеката „Лебедови крила“. Книгата е испечатена во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје, во тврд повез, и има 132 страници. Автор на корицата и на ликовните илустрации во книгата е Димитар Кондовски. Книгата не е библиотечно каталогизирана и не го содржи меѓународниот број ISBN.Јован Стрезовски, Патот до зората. Скопје: Култура, 1962.

Содржина Романот, кој се состои од 12 глави, е посветен на борците од Дримколскиот партизански одред.

Наводи

Категорија:Дела на Јован Стрезовски Категорија:Македонски романи Категорија:Изданија на Култура Категорија:Македонски дела од 1962 година Категорија:Појавено во 1962 година во Македонија Категорија:Книги од 1962 година