Државен музеј на современата уметност () — музеј наоѓа во Солун, Егејска Македонија посветен на современата уметност. Основан е во 1997 година, откако Солун е прогласен за европски град на културата. Се наоѓа во реновираната зграда на стариот манастир на Лазаристите. Првата збирка на овој музеј е голем дел (околу 1.275 дела) од приватната збирка на Џорџ Костаки, која се нашла во сопственост на државата. Оваа збирка е составена од дела на руските авангардни уметници. За прв директор на музејот е назначен професорот од универзитетот Аристотел Милтиадис Папниколау. Од 2006 година, на таа функција е назначена д-р Марија Цанцаноглу, специјалист за руската авангарда.

Мисијата на музејот е да се чуваат и да се изложат делата на современата уметност од грчки, но и од странски уметници, да се образува и да се подобри вкусот на публиката, научно да се истражи историјата и теоријата на современата уметност, со што ќе се овозможи на музеолозите да се стекнат со ова знаење. Покрај постојаните изложби, кои содржат повеќе од илјада дела, музејот организира и повремени изложби.

Музејот на фотографија и Центарот за современа уметност се самојстојни одделенија на овој музеј.Museums of Macedonia web site

Познати уметници Во музејот може да се видат делата на следниве уметници: Ел Лисицки Казимир Малевич Василиј Кандински Александер Родченко Љубов Попова Владимир Татлин Олга Розанова

Наводи

Надворешни врски Официјалната страница

Современа уметност Категорија:Ликовни музеи и галерии во Грција