Кетрин Ен Бигелоу (родена на 27 ноември 1951 г.) — американска кинорежисерка.

Бигелоу е позната по култниот хорор филм Блиску до темнината (1987), криминалистичкиот филм Критична точка (1991), контроверзниот научнофантастичен трилер Чудни денови (1995), местериозниот трилер Тежина на водата (2000), воената драма Шкафче на болката (2009) и по акциониот трилер 00:30 – Тајна операција (2012). Филмот Шкафче на болката го освоил Оскарот за најдобар филм, како и наградата БАФТА, а исто така бил номиниран и за Златен глобус.

Со Шкафче на болката, Бигелоу станала првата жена која добила Оскар за најдобар режисер, награда од здружението на кинорежисери, БАФТА награда за најдобра режија, и награда од кинокритичарите за најдобар кинорежисер. Таа исто така била првата жена која ја добила наградата Сатурн за најдобар кинорежисер во 1995 година за филмот Чудни денови.

Во април 2010, Бигелоу била именувана од списанието Тајм на списокот сто највлијателни луѓе во светот.

Ран живот и школување Бигелоу е родена во Сан Карлос, Калифорнија, како единствено дете на Гертруда Кетрин (моминско презиме Ларсон; 1917–1994), библиотекарка, и Роналд Елиот Бигелоу (1915–1992), менаџер на фабрика за бои. Нејзината мајка имала норвешко потекло.http://www.azcentral.com/thingstodo/movies/articles/2009/07/08/20090708hurtlocker0708.html?nclick_check=1 Таа се запишала на Институтот за уметност во Сан Франциско во есента 1970 а својата диплома за ликовни уметности ја добила во 1972 година.

Бигелоу дипломирала на студиската програма филм на Универзиетот Колумбија, каде студирала филмска теорија и критика. Нејзини професори биле Вито Акончи, Силвер Лотрингер и Сузан Зонтаг,Dargis, Manohla, "Action!", New York Times, June 18, 2009. Access date: June 27, 2009. и исто така работела со концептуалистот Лоренс Вајнер.Rapold, Nicolas, "Interview: Kathryn Bigelow Goes Where the Action Is" , Village Voice, June 23, 2009. Access date: June 27, 2009. Таа исто така учела на Институтот за уметност во Калифорнија."Kathryn Bigelow – Filmmaking at the Dark Edge of Exhilaration" , Harvard Film Archive, July 1, 2009. Access date: December 17, 2009.

Режисерска кариера Првиот филм во кариерата на Бигелоу, краткометражниот филм Местенка бил 20-минутна деконструкција на насилството во филмот. Нејзин прв долгометражен филм бил моторџискиот филм Без љубов (1982), кој го режирала заедно со Монти Монтгомери. Главната улога во филмот ја играл Вилијам Дефо. Следно, таа го режирала култниот вампирски хорор филм Блиску до темнината (1987), чие сценарио го напишала заедно со Ерик Ред. Истата година, таа го режирала музичкиот спот за песната „Touched by the Hand of God“ на рок групата New Order.

Следен филм во режија на Бигелоу бил филмот Син челик (1990). Таа повторно сценариото го напишала заедно со Ерик Ред, а главните улоги ги доделила на Џејми ли Кертис и Рон Силвер. Потоа таа го режирала криминалистичкиот филм Критична точка (1991), во кој главните улоги ги играле Киану Ривс и Патрик Свејзи. Критична точка заработил околу 80 милиони долари во светски рамки и останува еден од нејзините најдобро прифатени филмови, како во поглед на профитабилност така и во поглед на филмската критика.Jermyn, Deborah, and Sean Redmond. "Chapter Six – All That Is Male Melts into Air: Bigelow on the Edge of Point Break." The Cinema of Kathryn Bigelow: Hollywood Transgressor. London: Wallflower, 2003. 106–7. Print.

Во 1993, таа режирала една епизода од телевизиската серија Диви палми.

Нејзиниот филм Чудни денови (1995) бил напишан и продуциран од страна на нејзиниот поранешен сопруг Џејмс Камерон. И покрај некои позитивни критики, филмот доживеал комерцијален неуспех. Освен тоа, многумина, креативната визија ја препишале на Камерон, намалувајќи го нејзиниот придонес во филмот. Заснован на истоимениот роман на Анита Шрив, филмот на Бигелоу од 2000 година, Тежина на водата претставува приказна за две жени заробени во задушени врски.

Во 2002 таа го режирала филмот Тајна подморница К-19, во кој главните улоги ги играле Харисон Форд и Лијам Нисон. Филмот поминал лошо во киносалите ширум светот и добил мешани реакции од критиката, со што се стекнал со рејтинг од 58 на Metacritic.

Следно, Бигелоу ја режирала воената драма Шкафче на болката, која премиерно била прикажана на филмскиот фестивал во Венеција во септември 2008, додека пак во киносалите во САД почнал да прикажува во јуни 2009. Филмот бил "универзално прифатен" (според Metacritic) и добил 97% "свеж" рејтинг од критичарите на Rotten Tomatoes. Главните улоги ги играат Џереми Ренер, Брајан Герати и Ентони Маки, а кратки појавувања имаат Гај Пирс, Дејвид Морс и Ралф Фајнс. Таа ја добила наградата за најдобра режија од здружението на филмски режисери (со што станала првата жена добитник на оваа награда) и исто така била номинирана за Златен Глобус за нејзината режија. Во 2010, таа ја добила наградата за најдобар режисер, а Шкафче на болката победил во категоријата најдобар филм на 63. доделување на БАФТА наградите., Таа станала првата жена која добила Оскар за најдобар режисер. Таа била четврта жена во историјата која добила номинација за најдобра режија, и втора американка.

Следен филм на Бигелоу бил акциониот трилер 00:30 – Тајна операција, кој претставува филмска адаптација на потрагата по Осама бин Ладен. 00:30 – Тајна операција бил позитивно прифатен од критичарите но исто така привекол спорни и силни критики за неговиот наводно измачувачки поглед. Таа ја добила наградата за најдобра режија од страна на филмските критичари на Њујорк вторпат, откако претходно истата ја освоила за Шкафче на болката.Polo, Susana, "Kathryn Bigelow Wins New York Film Critics Circle Award Twice; Makes History", The Mary Sue, December 4, 2012. Таа исто така била добитник на наградата за најдобра режија од страна на националниот одбор за реценција на филмови, со што станала првата жена добитник на оваа награда."NBR Awards name 'Zero Dark Thirty' best film" , boston.com, 2012/12/05.

Личен живот Бигелоу била во брак со режисерот Џејмс Камерон од 1989 до 1991 година. Таа и Камерон биле номинирани за наградата Оскар за најдобар режисер на 82. доделување на наградите Оскар, а Оскарот го освоила Бигелоу.

Филмографија

Местенка (Set-up) (1978) Без љубов (The Loveless) (1981) Блиску до темнината (Near Dark) 1987) Син челик (Blue Steel) (1989) Критична точка (Point Break) (1991) Чудни денови (Strange Days) (1995) Тежина на водата (Weight of Water) (2000) Тајна подморница К-19 (K-19: The Widowmaker) (2002) Шкафче на болката (The Hurt Locker) (2008) 00:30 – Тајна операција (Zero Dark Thirty) (2012)

Наводи

Надворешни врски

Кетрин Бигелоу на Rotten Tomatoes

Категорија:Родени во 1951 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски режисери Категорија:Американски продуценти Категорија:Американски сценаристи