Далеку од рајот - американски филм, во режија на Тод Хејнс. Главните улоги ги играат: Џулиен Мур, Денис Квејд, Денис Хејзберт и Патриша Кларксон.

Содржина Дејството на оваа драма е сместено во 1950-тите во местото Хартфорд, во државата Конектикат. Семејството Витакер постојано настојува да го сочува добриот глас. Сопружниците Витакер, Кејти и Френк, имаат ќерка и син, кои се адолесценти. Работите се усложнуваат кога Френк ја открива својата хомосексуалност, така што односите во семејството засекогаш се нарушуваат. По првичниот шок, неговата жена Кејти се обидува да се однесува како ништо да не се случило, но идиличната атмосфера во домот е разнишана.„Шокантни промени во едно идилично семејство“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 3. Наводи

Категорија:Филмови од 2002 година Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови со Џулиен Мур