Чуричени — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба Селото Чурилово се наоѓа на 16 километри северозападно од Петрич, во планинска област, на јужните падини на Огражден, во подножјето на врвот Куковски чукар. Селото се наоѓа на надморска висина од 399 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 23.297 км2.
Историја Османлиско Царство
Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Чуричени. Во истата година, во селото живееле 3 муслимански семејства и 31 христијански семејстваТурски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.570-571..
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Петричката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чоришене (Tchorichené) е село со 85 семејства и 334 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 149.. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 720 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 944 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 9 ученициBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187..
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, десет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 888.
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население +Население на Чуричени по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 610 815 973 779 632 543 409 267 167 149
+Население по возраст од 2011 година:
Наводи
Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија