„Другарче“ - списание за деца што го издава Редакцијата „Детска радост“ од Скопје.
Историја Со Решение број 11-10532/5 на Министерството за образование и наука и Решение број 11-10532/6 на министерот за образование и наука од 20 октомври 2014 година, списанието „Другарче“ добило согласност за употреба во воспитно-образовната работа во основните училишта во Македонија.Другарче, година LIV, број 1052, ноември 2014.
Организација и менаџмент Списанието „Другарче“ го издава Редакцијата „Детска радост“, а излегува двапати месечно во текот на учебната година. Во организацијата и реализацијата на списанието учествувале поголем број соработници, како: Ксенија Трајчева (одговорен уредник), Димитар Божиков (ликовно-графички уредник), Натали Николовска (ликовно-графички уредник-соработник), Дениз Тесторидес и Саветка Димитрова (лектори), Александра Велинова-Радевска (уредник-соработник). Покрај нив, списанието соработувало и со повеќе надворешни соработници-писатели (Киро Донев, Горјан Петревски, Стојан Тарапуза, Ванчо Полазаревски, Наум Попески и Васил Мукаетов), надворешни соработници-илустратори (Боркица Арсевска, Александар Сотировски, Александар Поповски, Маја Ковачевска и Наташа Костовска), и други соработници (Виолета Трајковска, Тања Бајрактарова и Виолета Ѓуровска).Другарче, година LIV, број 1052, ноември 2014. Другарче, година LIV, број 1054, декември 2014. Другарче, година LV, број 1052, април 2015.
Наводи
Категорија:Македонски списанија Категорија:Појавено во 2014 година во Македонија