Џовани де ло Калво — џеновски пиратски капетан кој влегол во служба под царот Михаил VIII и станал владетел на Анафи и Родос и мега дукс на византиската морнарица.
Џовани бил родум од малиот остров Анафи, но потекнувал, како и останатите платеници на Михаил VIII, од Џенова. Негови омилени ловишта биле морињата околу Евбоја, иако е познато дека своие дејства ги спроведувал сè до бреговите на Албанија како и областа околу Валона.
Михаил VIII спровел голем напор за освојуање на Егејските острови кои биле под власта на латините, заедно со мега дуксот Алексиј Дука Филантропен и уште еден италијнски одметник, Ликарио. Џовани помогнал во освојувањето на својот роден остров, Анафи, од семејството Фоколо. Михаил VIII го наградил така што го прогласил за осподар на Анафи, но и на Родос во 1278 година, и подоцна бил прогласен како неговиот претходник Ликарио, мега дукс.
Наводи
Извори
Категорија:Византијци од 13 век Категорија:Италијанци од 13 век Категорија:Византиски адмирали Категорија:Гусари