Шебеник () — планина кај Либражд, источна Албанија, недалеку од границата со Македонија. Сместена е веднаш на запад од Јабланица, од која е одвоена со долината на реката Бистрица (Албанија) и областа Струшки Дримкол понатаму на североисток. Најблизок град североисточно од Либражд и северозападно од Струга.

Масивот е долг 20, а широк околу . Највисокиот врв, исто така наречен Шебеник (Maja e Shebenikut), се наоѓа на 2.253 м надморска височина, а има неколку врва од преку 2.000 м.

Планината е особено значајна поради природното богатство и затоа е заштитена како дел од националниот парк Шебеник-Јабланица. Од особен интерес е запазувањето на рисот и неговото живеалиште на неа.

Леднички езера Шебеник има девет леднички езера, од кои најјужно и најголемо е Рајчичкото (Liqeni i Rrajcës), сместено на источниот срт. Долго е 220, а широко 160 м.

Поврзано Национален парк Шебеник-Јабланица Јабланица Либражд (округ)

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Национален парк Шебеник-Јабланица на порталот на Општина Центар - Либражд

Категорија:Планини во Албанија Категорија:Либражд (округ)