Теодорокан — визнатиски војсководец со ерменско потекло кој служел под царот Василиј II како на истокот така и на Балканот.
Живот
Неговото име е хеленизиран облик на ерменското T‘ot‘orakan („припаѓа на Теодор“). Низа на печати кои му се придаваат на него од страна на Иван Јорданов овозможуваат детална реконструкција на неговата првична кариера, при што тој бил протоспатариј и служел како стратег (воен управител) на Арце и како архегет на истокот. Најверојатно е дека тој бил стратег на Арце во периодот од 975 до 979 година, кога тврдината била под византиска власт, за подоцна да биде унапреден во архегет, служба која неодамна била создадена која имал команда нас порфесионалната (целосно ерменска) пешадија на источните армии.
Првпат директно се спомнува во изворите (историја на Јован Скилица) во 990-ите (околу 994 година според Николас Адонц), кога бил назначен од царот Василиј II, кој во тој период бил во војна со бугарите, како стратег во Пловдив. Во 1000 година, заедно со Никифор Ксифиј, тој водел армија која набрзина ја освоила тврдината Велики Преслав, Мал Преслав и Плиска, со тоа воспоставувајќи византиска власт на североисточниот дел на Бугарија, првично освоен од царот Јован I на почетокот на 970-ите. Кус период подоцна, Теодорокан се повлекол поради својата возраст, и бил заменет од Ксифиј.
Војководците Ѓорѓи Теодорокан и Василиј Теодорокан, кои служеле при крајот на век, се претставени како негови синови од страна на Адонц, но, иако е можно, таквата роднинска поврзаност не може да се докаже.
Наводи
Извори
Категорија:Родени во 10 век Категорија:Починати во 11 век Категорија:Византијци од 10 век Категорија:Византиски војсководци Категорија:Војсководци на Василиј II Категорија:Византиски управници