Крнџилица — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 50 километри североисточно од Петрич, на надморска висина од 714 метри на планината Огражден. Атарот на селото зафаќа површина од 18.075 км2.

Историја Османлиско Царство

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Петричката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кринџилица (Crinjilitza) е село со 17 семејства и 53 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 150-151.. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 285 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 186-187.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 192 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187..

Во 1911 година започнала изградбата на црквата „Св. Кирил и Методиј“, чија изградба била завршена за само една година. Првиот свештеник на храмот е отец Димитар од Берово, кој служел овде од 1911 до 1917 годинаС водосвет и курбан над 500 души честваха 100 г. юбилей на черквата “Св. св. Кирил и Методий”.

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 855.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население +Население на Крнџилица по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 251 301 346 238 79 31 39 12 7 5

+Население по возраст од 2011 година:

Наводи

Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија