Дропул (; , Dropolis) — општина и регион населен претежно со грчко население во округот Ѓирокастро, Јужна Албанија. Регионот се протега од јужниот дел на градот Ѓирокастро, па сè до албанско-грчката граница. Селата во овој регион се дел од грчката малцинска зона признаена од албанската влада, во која живее грчкото малцинство во Албанија. Општината беше создадена во јуни 2015 со соединување на поранешните општини Горен Дропул, Долен Дропул и Погон. Седиште на општината е селото Софратика. Населението брои 3,503 (2011), а површината 448.25 км2.
Наводи
Категорија:Општини во Албанија Категорија:Села во Албанија Категорија:Епир