мини| десно| Подробност од мозаикот на Царската порта на Света Софија. Клекнат е византискиот цар Лав VI Мудриот, нејзиниот сопруг Евдокија Бајана (починала на во ) била византиска царица, трета сопруга на царот Лав VI Мудриот.
Според Теофан Исповедник, Евдокија потекнувала од темата Опсикион. Се омажила за цар Лав VI во пролетта 900 година. Ова бил трет брак на царот. Претходните две сопруги на Лав VI починале без да му родат машки наследник. Од нив царот имал неколку ќерки. Лав VI се надевал дека од бракот со Евдокија ќе се роди машки наследник на престолот. Ѓорѓи Острогорски споменува дека овој брак противречел на тогашните византиски закони и на практиката во православниот свет, поради што царот требало да побара дозвола да се омажи по третпат од патријарх Антониј II Цариградски.
Евдокија починала година подоцна, на 12 април 901 година, при раѓањето на своето прво дете. Теофан споменува дека детето било момче кое останало некрстено. Во "За церемониите" меѓу имињата на децата на Лав VI се споменува и името Василиј што може да се идентификува со името на мртвородениот син на Евдокија. Во своето дело, Константин VII споменува дека Евдокија била погребана во црквата "Св. Апостоли" во Цариград.
По смртта на Евдокија царот се оженил за Зоја Карбонопсина кој брак не бил признат од црквата за легитимен.
Литература
Theophanes Continuatus, Chronicle. Symeon Metaphrastes, Chronicle. Constantine VII, De Ceremoniis.
Надворешни врски
Her listing along with her husband in "Medieval lands" by Charles Cawley. The project "involves extracting and analysing detailed information from primary sources, including contemporary chronicles, cartularies, necrologies and testaments."
Категорија:Византиски царици Категорија:Византијци од 9 век Категорија:Погребани во црквата „Свети Апостоли“ Категорија:Македонска династија