Долно Спанчево — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 18 километри источно од градот Петрич, во Светиврачко-петричката Котлина. Атарот на селото зафаќа . Селото се наоѓа на надморска висина од 232 метри. Климата е преодна средоземна со најмалку врнежи од август и ноември. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 530 мм. Патот Петрич - Неврокоп поминува низ селото.
Историја Османлиско Царство
Во текот на 19 век, селото било мешано, кое припаѓало на Демирхисарската Каза во Серскиот Санџак. Во текот на 1859 година во селото била изградена црквата последена на Свети Ѓорѓи, која денес е прогласена за споменик на културата.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Спанчово Долне (Spantchovo-dolné) е село со 82 семејства со 150 жители муслимани и 70 Македонци, а изоставениот Сердар чифлик е запишан со население од 100 жители Македонци со 26 семејстваМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139..
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 400 жители, од кои 200 биле Турци и 200 МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 184..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 200 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193..
Во текот на Балканските војни, во 1913 година селото било освоено од страна на грчката војска, а 30 куќи биле опожарениКарнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298..
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во октомври 1925 година, за време на грчко-бугарскиот граничен конфликт познат како Петрички инцидент, селото било окупирано од грчката армија.
Наводи
Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија