Баскалци — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија

Селото Баскалци се наоѓа на 31 километри североисточно од градот Петрич, на надморска височина од 819 метри, а зафаќа површина од 27,007 км2. Селото се наоѓа во планински регион.

Историја

Османлиско Царство

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 136 Македонци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

До 1947 година Баскалци претставувало мала на некогашното село Игуменец.

За време на комунизмот, во селото се доставувал леб (можно е семејствата и сами да си правиле леб), весници, имало поштенска служба, медицински центар, училиште каде учеле децата од Баскалци, Чурилово и Кукурахцево.

По промените од 1989 година, жителите на селото започнале да се иселуваат. Во 1989 година околу 60 луѓе останале да живеат во селото, и половина од нив биле на возраст над 75 години.

Во 2015 година селата Баскалци, Чурилово и Кукурахцево биле соединети под едно кметство со центар во Кукурахцево.

Население

+Население на Баскалци по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 283 293 298 454 293 182 130 123 82 68

+Население по возраст од 2011 година:

Личности Иван Поп Георгиев - (1875 – ?), македонски револуционер

Наводи

Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија