Џејмс Ворд-Проус (роден на 1 ноември 1994) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Вест Хем Јунајтед и на англиската репрезентација.
Животопис Ворд-Проус е роден во Портсмут и е син на Џон Ворд-Проус, адвокат од Фарлингтон. Иако членовите на неговото семејство се навивачи на Портсмут, тој им се приклучил на нивните соперници, Саутхемптон на возраст од осум години.
Технички одлики Првенствено игра како внатрешен играч од средниот ред или како десно крило.
Кариера Клупска кариера Џејмс Ворд-Проус се приклучил на академијата на Саутхемптон на возраст од осум години, а подоцна бил вклучен во секој натпревар на тимот под-18 години во сезоната 2010-2011 пред да стане редовен член во 2011 година. Својот прв повик за сениорскиот тим Ворд-Проус го добил во октомври 2011 година, кога и го направил своето деби за првиот тим на Саутхемптон на возраст од само 16 години во натпревар од Лига купот против Кристал Палас. Во својот втор старт за клубот, Ворд-Проус го постигнал првиот гол за Саутхемптон во победата со 2-1 над Ковентри Сити помагајќи му на својот тим да се пласира во четвртото коло на ФА Купот. Откако светците обезбедиле промоција во Премиер лигата во мај 2012 година, Вард-Проус бил еден од четирите "младинци" на кој им бил понуден професионален договор, заедно со Џек Стивенс, Лук Шоу и Калум Чемберс.
На 11 април, го постигнал својот прв гол во Премиер лигата, отворајќи го резултатот од пенал во победата со 2-0 против Хал Сити.
Репрезентативна кариера Ворд-Проус ја претставувал Англија на младинско ниво во репрезентациите под 17, под 19, под 20 и под 21 година.
Со репрезентацијата под 21 година во 2015 година, настапил на Европското првенство во Чешка, играјќи само во првиот натпревар од турнирот каде Англија била елиминирана уште во групната фаза.
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 12 мај 2019.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2011-2012 Саутхемптон ФЛЧ 0 0 ФАКуп+ЛК 1+1 1+0 - - - - - - 2 1 2012-2013 ПЛ 15 0 ФАКуп+ЛК 1+3 0 - - - - - - 19 0 2013-2014 ПЛ 34 0 ФА Куп+ЛК 3+2 0 - - - - - - 39 0 2014-2015 ПЛ 25 1 ФАКуп+ЛК 3+2 0 - - - - - - 30 1 2015-2016 ПЛ 33 2 ФАКуп+ЛК 1+2 0 ЛЕ 3 0 - - - 38 2 2016-2017 PL 30 4 FACup+CdL 2+5 0 UEL 6 0 - - - 43 4 2017-2018 PL 30 3 FACup+CdL 2+1 1+0 - - - - - - 33 4 2018-2019 PL 26 7 FACup+CdL 2+1 0 - - - - - - 29 72019-2020PL385FACup+CdL3+30 - - - - - -4452020-2021PL40FACup+CdL0+10------50Вкупно во кариерата 235 22 39 2 9 0 - - 283 24
Наводи
Надворешни врски
Џејмс Ворд-Проус на soccerway Џејмс Ворд-Проус на transfermarkt
Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Нотингем Форест Категорија:Родени во 1994 година