677 Алтје е мала планета во Главниот астероиден појас којашто кружи околу Сонцето, откриена од страна на Август Копф во Хајделберг на 18 јануари 1909 година. Објектот бил именуван по холандскиот пејач Алтје Нордевир-Редингјус.
Овој објект има геометриско албедо од 0.2794. Фотометричките набљудува во текот на 2008 покажале дека вртежниот период изнесува 16,6076 ± 0,0006 часа и има светлосна варијација од 0.30 ± 0.02.
677 Алтје орбитира со околу 7/3 од Керквудовиот јаз. Тоа значи дека објектот има орбитна резонанца од 7:3 во однос на Јупитер, исполнувајќи седум орбити за секои три орбити на планетата. За помалите објекти, ова обично наведува на заклучокот дека постои орбитна нестабилност, којашто причинува поместување кон различен орбитен период. 677 Алтје е премногу голема за нејзината орбита да биде поместена за повеќе од 0,01 ае за време на животниот век на Сончевиот Систем. Поверојатно е дека орбитнитното заемодејство со џуџестата планета Церера можеби ја поместила неговата денешна орбита, бидејќи орбитата на 677 Алтје води кон релативно блиски средби со Церера.
Наводи
Надворешни врски Discovery Circumstances: Numbered Minor Planets
Категорија:Главен астероиден појас Категорија:Еоски астероиди Категорија:Откритија на Август Копф Алтје 19090118 Категорија:Неправилни месечини