Митко Чавков ( во Ново Село, Струмичко) — македонски политичар и поранешен министер за внатрешни работи на Република Македонија. На оваа функцијата стапил на 13 мај 2015 година, по оставката на Гордана Јанкулоска.

Биографија Митко Чавков е роден е на 24 јануари 1963 година во струмичкото Ново Село. Дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје, магистрирал и докторирал на Правниот факултет во Скопје.

Работното искуство го започнал во Министерството за внатрешни работи. По завршување на приправничкиот стаж работел како инспектор во УБК, началник на Секторот за криминалистичка полиција во Регионалниот центар на МВР во Струмица, заменик-началник на РЦ на МВР во Струмица, виш инспектор за дрога во МВР, началник на Секторот за криминалистичка полиција во РЦ на МВР во Струмица, самостоен инспектор за финансиски криминал во РЦ на МВР во Гевгелија.

Чавков потоа работел и како главен инспектор за финансиски криминал во одделот за организиран криминал во МВР, началник на одделот за организиран криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР и директор на Бирото за јавна безбедност при МВР.

На 13 мај 2015 г. стапил на функцијата Министер за внатрешни работи на Македонија по оставката на Гордана Јанкулоска.

Поради вмешаност во случувањата од 27 април 2017 година, Митко Чавков бил осуден на 18 години затвор.Чавков осуден на 18 години затвор

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски политичари Категорија:Министри за внатрешни работи на Република Македонија Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Луѓе од Ново Село (Струмичко) Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Магистри на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Доктори на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници во Македонија