Роман на годината е годишна литературна награда што ја доделувал весникот „Утрински весник“, а потоа и фондацијата „Славко Јаневски“ за роман објавен во Македонија.

За наградата одлучува петчлена жири-комисија, која е составена од минатогодишниот лауреат, претставници на фондацијата и други. Често помеѓу членовите на жири-комисијата се вбројуваат и автори кои не се романописци или книжевни критичари.

По згаснувањето на весникот во 2017 година, конкурсот го распишува и наградата почнува да ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, формирана во ноември 2017 г. од страна на новинари и уредници во некогашниот „Утрински весник“.

Добитници на наградата (Роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“) Роман на годината за 2024 Калина Малеска, „Светот што го избрав“ Роман на годината за 2023 Лидија Димковска, „Единствен матичен број“ Роман на годината за 2022 Влада Урошевиќ, „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ Роман на годината за 2021 Симона Јованоска, „Денот на црвот“ Роман на годината за 2020 Владимир Јанковски, „Скриени желби, немирни патувања“ Роман на годината за 2019 Оливера Николова, „Песот со тажен поглед“ Роман на годината за 2018 Николина Андова-Шопова, „Некој бил тукаhttps://sdk.mk/index.php/kultura/nekoj-bil-tuka-na-andova-shopova-e-roman-na-godinata-za-2018/“ Роман на годината за 2017 Фросина Пармаковска, „Одбројување“Фросина Пармаковска добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017 година

Добитници на наградата (Роман на годината на „Утрински весник“)

Роман на годината за 2016 Давор Стојановски, „Собирачи на пепел“ Роман на годината за 2015 Петар Андоновски, „Телото во кое треба да се живее“ Роман на годината за 2014 Луан Старова, „Балканвавилонци“.„Луан Старова ја доби наградата за „Роман на годината“, Дневник, година XIX, број 5754, сабота, 30 април 2015, стр. 23. Роман на годината за 2013 Владимир Плавевски, „Јадица“ Роман на годината за 2012 Митко Маџунков, „Птиците од ланските гнезда“ Роман на годината за 2011 Снежана Младеновска Анѓелков, „Единаесет жени“ Роман на годината за 2010 Душко Родев, „Човекот што ги сакаше калинките“ Роман на годината за 2009 Томислав Османли, „Дваесет и првиот“ Роман на годината за 2008 Јагода Михајловска, „Индиго Бомбај“ Роман на годината за 2007 Блаже Миневски, „Нишан“ Роман на годината за 2006 Кица Колбе, „Снегот во Казабланка“ Роман на годината за 2005 Пајо Авировиќ, „Џахиз и истребувачите на кучиња“ Роман на годината за 2004 Оливера Николова, „Куклите на Росица“ Роман на годината за 2003 Милован Стефановски, „Изгубен жегол“ Роман на годината за 2002 Гоце Смилевски, „Разговор со Спиноза“ Роман на годината за 2001 Димитар Башевски, „Бунар“ Роман на годината за 2000 Венко Андоновски, „Папокот на светот“ Роман на годината за 1999 Слободан Мицковиќ, „Куќата на Мазарена“

Контроверзи

Во последните години некои од книжевните критичари забележуваат недоречености околу критериумите за доделувањето на наградата „Роман на годината“. Овде особено паѓа во очи критериумот за должината на романот како прозна форма. Во меѓународни рамки, романот е определен како прозно дело составено од најмалку 40 000 зборови. Некои светски асоцијации и критичари ја ставаат долната граница на романот на 50.000, 60.000 зборови и повеќе. Сепак, некои од романите, како на пример, романите „Единаесет жени“, „Телото во кое треба да се живее“, Собирачи на пепел“, од младите автори Снежана Младеновска-Анѓелков, Петар Андоновски и Давор Стојановски, наградени со ова признание, според својот обем спаѓаат во рамките на жанрот новела (помалку од 40.000 зборови), определен согласно меѓународните стандарди за овие прозни форми.

Постојат и бројни забелешки од книжевните критичари околу критериумите за доделувањето на наградата во поново време, особено со оглед на фактот дека неколку години по ред книгите-добитници на наградата беа во издание на издавачката куќа „Или-или“, дела од релативно понови авторски, дури и дебитантски имиња, како на пример романот „Единаесет жени“ од Снежана Младеновска-Анѓелков. Со оглед дека праксата наложува претседател на жири-комисијата да е лауреатот од претходната година, во книжевните кругови постојат сомнежи за можно циркуларно доделување на оваа награда.

Наводи

Надворешни врски Бојан Шашевски, Како „Роман на годината“ да продолжи без „Утрински весник“ (за историјата на конкурсот), okno.mk „ЕДИНАЕСЕТ ЖЕНИ“ ОД СНЕЖАНА МЛАДЕНОВСКА – АНЃЕЛКОВ, https://off.net.mk/

Категорија:Македонски литературни награди