Воспитувањето е процес на планско и системско усовршување на сензомоторни, интелектуални, емоционални, морални и духовни својства и способности на детето, но и на возрасниот. Како облик на социјализација, воспитувањето е насочено кон формирање на однесувањето во социјално посакуваната насока. Овој процес може да биде поединечен или групен. Сспоред својот предмет, воспитувањето може да биде физичко, интелектуално, морално, естетско или религиско.Оваа статија ,или еден негов дел,изворно се преземени од књигата на Иван Видановиќ ,, Речник социјалног рада " со одобрување на авторот .
Појдовна точка во разгледување на воспитувањето и образование се состои во тоа што двата процеса меѓусебно се поврзани но се истакнува дека воспитувањето е поширок и по сеопфатен поим и процес кој во себе неминовно и кординирано го содржи процесот на образованието. Поточно може да се каже дека воспитувањето е педагошко делување на сите сфери на човековото битие, насочено на изградба и формирање на човечката личност во поширока сфера спаѓа и образованието. Обреазованието, всушност е дел од процесот на воспитување кој е насочен на стекнување на знаења и развој на практично способни личности. Иако овие два процеса се строго условени и се меѓусебно кординирани, во науката и теоријата за образованието и и воспитувањето тие се разгледуваат и проучуваат како посебни и основни педагошко-андрагошки поими и процеси. Бебето на свет доаѓа со потернцијали кои и овозможуваат да ги развива во одреден правец. Бебето е суштество во настанување.
Белези на човечкиот вид
Од овој биолошки дефицит произлегуваат два белега на човечкиот вид: воспитливост - можност да се биде воспитан. Бебешката недовршеност отвора големи можности во развојот во смисла на доменот и во смисла на разновидноста ;
Потреба\неопходност од воспитување воспитувањето е многу важен чинител во процесот на развојот на бебето кое доаѓа на свет. Бебето по наследен пат донесува одредени органи за говор, тоа не е доволно бебето да зборува. Низ интеракција со другите луѓе тоа ќе може да развие свој потенцијал. Со историскиот развој на општеството и промени во производството, низ индустријализација, доаѓа до промени во семејството.
Економските и општествените процеси, како последица, ја смениле производната функција во семејството и довеле до промена во нејзината положба и структура. Кога е во прашање предшколското воспитување и развој, се јавува потреба децата на вработените родители да се згрижат.
Наводи
Категорија:Воспитување Категорија:Семејство