Милош Биковиќ (Белград, 13 јануари 1988) ― српски филмски, телевизиски и театарски глумец.

Животопис Милош Биковиќ има 17 години постар брат Михаил, игуман во манастирот Јовања. Кога бил многу млад родителите му се развеле, а татко му се преселил за Германија. Завршил во Четрнаеста белградска гимназија, зборува српски јазик, англиски јазик и руски јазик. Посетувал училиште по глума и зборување „ДАДОВ“. Дипломирал на Факултет за драмски уметности во Белград во класата на Драган Петровиќ заедно со Нина Јанковиќ , Јелисавета Орашанин, Тамара Драгичевиќ, Ања Алач. Асистент е на Факултетот за драмски уметности (ФДУ).

Филм и телевизија Милош Биковиќ својата прва улога со која остварил малку поголема популарност ја остварил со телевизиската серија Стигаат долари (2004 — 2005), каде го играл ликот на Небојша, улогата му донела голема популарност. Поголема популарност стекнал со играње во серијата Бела лаѓа (2006 — 2011), а најголема популарност достигнал со главната улога во филмот на Драган Бјелогрлиќ, Монтевидео, Бог те видео. Уште една улога добива во филмот/серијата 'Кад Кога љубовта доцни/Самец во брак', каде глуми заедно со својата тогашна девојка, Бранкица Себастијановиќ. Се прославил и во руската кинематорафија, во филмот Сончаница од режисерот Никита Михалков.

Театар Глумел во неколку претстави меѓу кои: „Збогум СФРЈ" во Ателјето 212 ; „Дамата со камелии" во Народниот театар (на Србија) исто така глумел и во „Син ми побавно оди" и „Кога тиквите цветаа" во неговиот матичен театар, Белградскиот драмски театар.

Театарски претстави

Збогом СФРЈ - Атеље 212

Мој син мало спорије хода - Белградскиот драмски театар

Дама са камелијама - Народниот театар во Белград

Кад су цветале тикве - Белградскиот драмски театар

Приватен Живот Милош Биковиќ има делумно македонско потекло. Неговиот дедо е роден во Берово во источна Македонија.

Наводи

Надворешни врски

Милош Биковиќ: „Монтевидео“ повеќе од фудбалот („Вечерње новости“, 30 јануари 2011) („Вечерње новости“, 25 август 2013)

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Српски глумци Категорија:Српски филмски глумци Категорија:Српски телевизиски глумци Категорија:Српски театарски глумци Категорија:Српски фотомодели Категорија:Срби од 21 век Категорија:Носители на Пушкиновиот медал Категорија:Македонци во Србија Категорија:Луѓе со потекло од Берово