Хоге (; , севернофризиски: Huuge) — општина и остров во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Општината се наоѓа на островот Хоге — мал остров близу брегот на Германија. Тој е втор најголем од десетте хализи во Ваденското Море, зад Лангенес. Често е нарекуван „кралица на хализите“. Куќите на островот се изградени на десет варфтен („вештачки издигнати ридови“).

Општината Хоге исто така го вклучува и ненаселениот халиг Нордерог.

Географија

Хоге има 9 населени варфтен:

Бакенсварфт Кирхварфт Окелицварфт Хансварфт Окенсварфт Лоренцварфт/Мителтрит Фолкертсварфт Ипкенсварфт Вестерварфт

Понсварфт сè уште се наоѓа близу брегот на Хоге. Понсварфт е ненаселен варфт, кој бил напуштен поради лошата местоположба. На него се наоѓа само водовод.

Малиот остров Хајнсхалиг, сместен источно од Хоге, некогаш бил поврзан со островот преку брана и припаѓал на жител на Хоге, но подоцна бил поплавен и потонал во 1860 година.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хализи Категорија:Северна Фризија (округ) Категорија:Острови во Шлезвиг-Холштајн Категорија:Општини во Шлезвиг-Холштајн