мини|Даниел Чи Цуј Даниел Чи Цуј ( ) американски (американско кинески) физичар кој истражува за електричните својства на тенки филмови и микроструктури на полупроводници и физика на цврста агрегатна состојба. Тој претходно бил професор по електротехника на Артур ЛеГранд Доти во Принстонскиот универзитет и хонорарен стручен истражен научник во одделот за физика во Колумбискиот универзитет. Во 1998, заедно со Хорст Лудвиг Штермер од Колумбискиот универзитет и Роберт Лафлин од Стенфорд, Цуј бил награден со Нобеловата награда за физика за неговиот придонес за откривањто на Холовиот дробен квантен ефект.

Животопис Цуј се родил во селото Фан (范庄), околу 7.5 км од Баофен, Хенан, а неговите родители биле фармери. Кога Циј е роден, Кина била среде природни катастрофи и војни. Тој студирал кинески класици на училиште во селото.

Цуј отпатувал за Хонгконг во 1951, и го посетувал средното училиште „Пуј Ќинг“ во Каулун, каде дипломирал во 1957. Тој бил примен во Тајванското национално универзитетско медицинско училиште во Тајпеј, Тајван. Цуј добил стипендија за во Илиноискиот колеџ, Августана во Рок Ајланд, Илиноис, САД, каде е Лутерански алма матер на неговиот пастор.

Цуј го прифатил второто и се преселил во САД во 1958. Тој дипломирал „Фи Бета Капа“ од Августанискиот колеџ во 1961. Цуј бил единствениот судент со кинеско потекло во колеџот. Цуј продолжил со судиите по физика во Чикашкиот универзитет, каде го добил неговиот докторат по физика во 1967. Цуј спровел едногодишно постдокторско истражување во Чикаго. Во 1968, Цуј се придружил на Беловите лаборатории каде бил пионер во студиите на дво-димензионални електрони.

Неговото откритие на Холовиот дробен квантен ефект, работа за која бил награден со Нобелова награда во 1998, се случило пред да биде назначен за професор по електротехника во Принстонскиот универзитет во 1982.

Почести и награди Цуј е член на Националната академија на науките на САД (избран во 2004), соработник со Американското здружение за напредок во науката и соработник со Американското друштво на физичари. Во 1992, Цуј бил избран за академик на „Академија Синика“, Тајпеј. Во јуни 2000, Цуј бил избран за странски член на Кинеската академија на науките, Пекинг.

Цуј исто така бил награден со неколку престижни награди, меѓу кои: Награда за Баклиева кондензирана материја, 1984 Бенџамин Франклинов медал за физика, 1998 Нобелова награда за физика, 1998

Поврзано Холов дробен квантен ефект Холов квантен ефект

Надворешни врски Nobel Prize in Physics 1998 Nobel autobiography Faculty page at Princeton University

Категорија:Американски физичари Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Американски нобеловци Категорија:Апсолвенти на Чикашкиот универзитет Категорија:Кинески нобеловци Категорија:Странски членови на Кинеската академија на науките Категорија:Живи луѓе Категорија:Членови на Американската академија на инженерството