Аскаријаза е заболување предизвикано од паразитски цевчести црви Ascaris lumbricoides. Во повеќе од 85% од случаите, инфекциите не даваат симптоми, особено ако бројот на црви е мал. Симптомите се зголемуваат со бројот на присутни црви и може да вклучат немање на здив и треска на почетокот на заболувањето. Истите може да се проследени со надуен стомак, болка во стомакот и дијареа. Најчесто се засегнати децата, и кај таа возрасна група инфекцијата може да предизвика недоволно зголемување на тежина, неисхранетост и проблеми со учењето.

До инфекција доаѓа преку јадење или пиење на храна контаминирана со јајца од Ascaris од измет. Јајцата се развиваат во цревата, се пробиваат низ ѕидот на цревата, и мигрираат добелите дробови преку крвта. Таму се пробиваат во алвеолите и поминуваат преку трахеа, каде се искашлуваат и голтаат. Ларвите поминуваат преку стомакот по вторпат во цревата каде што стануваат возрасни црви.

Се превенира со подобрена хигиена, која што вклучува подобрување на пристапот до тоалети и правилно исфрлување наизмет. Миење на раце со сапун се покажало како корисна заштита. Во области каде повеќе од 20% од популацијата е заразена, се препорачува лекување на сите заболени во редовни интервали. Честопати инфекцијата повторува. Нема вакцина. Терапиите препорачани од Светската Здравствена Организација се лекарства албендазол, мебендазол, левамисол или пирантел памоат. Во други ефикасни средства спаѓаат трибендимидин и нитазоксанид.

Околу 0.8 до 1.2 милијарди луѓе на глобално ниво имаат аскаријза,а најмногу засегната е популацијата воСубсахарска Африка,Латинска Америка и Азија. Тоа ја прави аскаријазата најчеста форма на хелминтијаза пренослива преку почва. Во 2010 таа беше причина за околу 2,700 смртни случаи, што е помалку во споредба со 3,400 случаи во 1990. Друг тип наAscaris ги инфицира свињите.

Наводи

Категорија:Хелминтијази Категорија:Тропски болести