Горан Самарџиев (роден на во Кавадарци) — македонски кошаркарски тренер и поранешен кошаркар и репрезентативец, кој настапувал за повеќе македонски кошаркарски прволигаши како Фени Индустри, Работнички, Вардар и Лирија.
Кариера Играчка кариера Самарџиев својата кариера ја започнал во Тиквеш кога бил откриен од спортскиот работник Димитар Пецов.Проф. Пецов – синоним за пронаоѓање таленти republika.mk 19 април 2013 Неговиот талент бил забележан од тогаш моќниот Работнички, па бил донесен во „Градски парк“ во 1999 година. Во Работнички играл сè до 2006, освојувајќи шест Првенства, четири Купа и еден Суперкуп.САМАРЏИЕВ: ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД КАРИЕРАТА sport.com.mk 7 август 2016 За сезоната 2006/2007, се преместил во Вардар и го освоил Купот 2007.Хаџивасилев второ засилување на Струмица 2005 vest.com.mk 27 јуни 2006
Во 2007 година, кога Фени покажал амбиции да стане најсилен македонски тим, Самарџиев се вратил дома. Популарниот Шуш погодил тројка во последната секунда од финалето на Купот 2008 година, и на Фени му го донел првиот трофеј во клупската историја. Таа титула во Купот била најава за уште неколку пехари кои кавадаречкиот клуб ги освоил од 2008 до 2011 година. Во таа 2011, Самарџиев во салата „Јасмин“ како капитен го кренал победничкиот пехар и во регионалната БИБЛ лига.
Во август 2013 година, Самарџиев потпишал за Лирија од Скопје.Горан Самарџиев е нов член на Лирија telegraf.mk 21 август 2013 Веднаш по завршувањето на сезоната 2013/14, Самарџиев повторно се вратил во матичниот клуб Фени.Камбек на Самарџиев, по една сезона повторно во Фени Индустри ekipa.mk 3 јуни 2014САМАРЏИЕВ СЕ ВРАТИ „ДОМА“. НОВИ ДОГОВОРИ ЗА МАЛИНКОВ И МАРКОВСКИ tip.com.mk 7 јуни 2014
Во август 2016 година, Горан Самарџиев одлучил да ја заврши кариерата како кошаркар.Горан Самарџиев прв асистент на Малинков. Познат дел од ростерот kavadar4e.com 6 август 2016Горан Самарџиев вели доста е со кошарка sportmedia.mk 7 август 2016
Тренерска кариера Веднаш по пензионирањето како кошаркар, Самарџиев станал помошник тренер на Фени Индустри како и координатор на младинските екипи на кавадаречкиот клуб. Во април 2019, поради заминувањето на Љупчо Малинков како главен тренер на Фени, Самарџиев бил унапреден на таа позиција. Самарџиев останал како тренер на Фени и за сезоната 2019/20. За сезоната 2020/21, тој ја продолжил соработката со Еуро Никел.
Успеси Титули во Првенството 2000-01: Работнички 2001-02: Работнички 2002-03: Работнички 2003-04: Работнички 2004-05: Работнички 2005-06: Работнички 2007-08: Фени Индустри 2009-10: Фени Индустри 2010-11: Фени Индустри Титули во Купот 2003: Работнички 2004: Работнички 2005: Работнички 2006: Работнички 2007: Вардар 2008: Фени Индустри 2010: Фени Индустри Титули во Суперкупот 2001: Работнички Титули во БИБЛ 2010-11: Фени Индустри
Наводи
Надворешни врски Профил на Горан Самарџиев на eurobasket.com Профил на Горан Самарџиев на realgm.com Профил на Горан Самарџиев на fiba.com Профил на Горан Самарџиев на balkanleague.net
Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Кавадарци Категорија:Кошаркарски тренери од Кавадарци Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК Тиквеш Категорија:Кошаркари на КК Вардар Категорија:Кошаркари на КК Лирија