Тони Симиќ (роден на во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тони Симиќ играл на центарската позиција. Тој е моментално тренер на Баскет Кам.

Кариера Тони Симиќ имал кратка меѓународна кариера во полски Котвице во 2005 година кога на почетокот на сезоната одиграл два натпревари.Тони Симиќ статистика pzkosz.plТони Симиќ статистика plk.pl

Во летото 2010 година, откако клубот од претходната сезона Вардар Осигурување се распаднал, Симиќ потпишал договор со Торус. Но таму не останал долго и веќе во септември бил во редовите на Работнички во пресрет на сезоната 2010/11. Таа сезона, Симиќ со Работнички го освоил Купот на Македонија 2011, а и бил вицепрвак во Првенството.

Откако бил без клуб во сезоната 2015/16, во декември Симиќ потпишал за второлигашот Гостивар.Ветеранот не се предава: Симиќ и се враќа на кошарката – ќе игра за второлигашот Гостивар! sportmedia.mk 15 декември 2015Тони Симиќ го засили второлигашот Гостивар sport365.mk 15 декември 2015 Во 2016 година Симиќ се пензионирал како кошаркар и станал тренер на младинската школа на Работнички.Тони Симиќ нов тренер во школата на Работнички sportmedia.mk 5 септември 2016 Потоа Симиќ станал младински тренер на Партизан Мулти Шпед. Во сезоната 2018/19, Симиќ станал тренер на сениорите на Партизан Мулти Шпед Водно Санс, екипа која се натпреварувала во Втората лига. Следната сезона, Симиќ продолжил како тренер на Партизан Водно Санс. На полусезоната од сезоната 2020/21, Симиќ го напуштил Партизан Водно Санс и се преселил во Баскет Кам.

Успеси

Титули МЗТ Аеродром Куп на Македонија (2) : 1996, 1997

Работнички Прва македонска лига (8) : 1998/99, 2000/01, 2001/02, 2002/03, 2003/04, 2004/05, 2005/06, 2008/09 Куп на Македонија (5) : 2003, 2004, 2005, 2006, 2011 Суперкуп на Македонија (1) : 2001

Признанија Најкорисен играч на финалето во лигата 2004/05Фершпед Работнички шампион по 12-ти пат vest.com.mk 26 мај 2005 Најдобар домашен кошаркар за 2006 година Втора најдобра петорка на сезоната 2006/07 Најдобра домашна петорка на сезоната 2006/07 Најдобар домашен кошаркар за 2009 година Особен придонес во сезоната 2010/11 Eurobasket.com - особен придонес во сезоната 2011/12

Наводи

Надворешни врски Профил на Тони Симиќ на eurobasket.com Профил на Тони Симиќ на balkanleague.net

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Кошаркарски тренери од Скопје