мини|240x240пкс|Ламбе Алабаковски и Полина Тасева на фестивалот Макфест во 2023 година. Ламбе Алабаковски (роден на 15 ноември 1987 во Љубојно) — македонски пејач.

Биографија

Алабаковски покажал интерес за музиката уште како дете и бил охрабрен од својот татко. Студирал на Еуро-колеџот во Куманово. Станал познат откако победил на М2 продукција „Плеј - потрага по ѕвезди 2004". Неговиот прв хит бил Спаси ме, компониран од страна на познатиот македонски композитор Дарко Димитров. Заедно со него биле откриени и новите М2 ѕвезди Елена Ристеска и Александра Пилева. Во 2005 тој ја снимил својата втора песна Каде песно моја, компонирана од Славе Димитров. Во 2005 година тој заедно со Александра Пилева отпатувал во Брашов, Романија каде учествувал на фестивалот Golden Stag. Во октомври истата година учествувал на домашниот фестивал Макфест, каде ја промовирал неговата песна Ех, да можам.

Алабаковски се натпреваруваше на македонскиот избор на песна за Евровизија Скопје фест во 2007 годиа. Тој ја изведе песната „Бело е се“ која е напишана од Елена Ристеска, а компонирана од Роберт Билбилов. Исто така, Алабаковски се натпреваруваше на истиот фестивал во 2008 година со песната „Земјо моја“.

Личен живот

Во 2013 се оженил со Магдалена Лена Јовчевска. Алабаковски пет години живеел во Америка, но во јули 2021 година се вратил во Македонија.

Пејачот Ламбе Алабаковски добил условна казна затвор од шест месеци за потпалувањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола. Пејачот пред судот признал дека во јуни 2022 го подметнал пожарот во бугарскиот културен центар Ванчо Михајлов кога изгоре влезната врата на објектот. Алабаковски по инцидентот бил притворен, но по неколку дена бил пуштен во домашен притвор.Условна казна за Ламбе

Дискографија Албуми Море од солзи Врати ми го срцето Да не те љубев (2009)

Песни Спаси ме Каде песно моја Ех, да можам Кажано е сè Море од солзи И после сè Бело е сè Врати ми го срцето Земјо моја Сè е по старо Да не те љубев Најдобро до сега Биди пријател наш Зар не е добро Кога сонце грее, плачам

Спотови Спот Година Режисер Каде песно моја 2005 — Ех, да можам 2005 — Кажано е сè 2006 — Море од солзи 2006 — Врати ми го срцето 2007 — Сè е по старо 2007 —Да не те љубев 2008 Чедо Поповски Научи да се радуваш 2009 — Сакам да те ах... 2009 — Биди пријател наш 2010 Томато продукција Најдобро до сега 2011 Томато продукција Кога сонце грее плачам 2011 Принц Зар не е добро 2012 Даниел ЈовескиЗеми се 2013 Фабрика Дојди ми 2014 Plan B Production Ќе те чекам јас 2014 Фабрика Што е твое,твое е 2014 Plan B Production Ти само кажи 2015 Фабрика Оган да го гори 2023 Скендеровски Продукција Дејгиди луди млади години 2024 Како пиреј 2025 Скендеровски Продукција

Награди (2006) Хит на годината „Море од солзи“ (според слушателите на Радио Фортуна)

Наводи

Надворешни врски Страница на Ламбе на М2 M2 Галерија

Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Македонски поп-пејачи Категорија:Луѓе од Љубојно