Нордерфридрихског (; ) — општина во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Поранешен даночен рај

Во 1990-тите години, Нордерфридрихског станал популарен даночен рај со 0% данок и до 2003 година, селото со население од само 47 жители, било седиште на над 500 компании, вклучувајќи ги Дојче Банк, Ели Лили и Компани, Унилевер, Луфтханза и E.On. Даночниот систем бил променет од сојузната влада во 2004 година со што била наметната минимална даночна стапка, така отстранувајќи ги конкурентните предности на Нордерфридрихског.

Наводи

Категорија:Северна Фризија (округ) Категорија:Полдери Категорија:Општини во Шлезвиг-Холштајн