466 Тизифона — астероид кој е во орбита меѓу Кибелските астероиди.
Откритие
Откриен од страна на Макс Волф и Лујџи Карнера на 17 јануари 1901 година,со привремена ознака 1901 FX. Бил именуван според Тизифона лик од старогрчката митологија.
Физички одлики
Во 1907 година се извршени голем број на положбени набљудувања на астероидот Тисифона, 1913, и 1914.
Во 1992 со едноставна проверка на местоположбата на 466 Тисифона од страна на by the Здружение на месечеви и планетарни набљудувачи (ЗМПН). Астероидот бил во очекуваната местоположба во рамките на дозволената грешка. Понатамошни проверки биле направени и во 1996 година, и 2006 година (pdf) при што астероидот бил во очекуваната местоположба.
Во 1997 година Тисифона била проучувана од страна на Ворман и Кристијансон при Федеровата опсерваторија во близина на државниот универзитет на Минесота, Мурхед, со цел да се определи неговиот вртежен период. Добиеиот период изнесувал 8,824 ± 0,009, при што податоците од светлосата крива покажале два различни максимуми и минимуми во ротацијата .
Во 2001 Лагерквист и др. ги објавиле нивните резултати од проучувањето на Кибелското астероидно семејство, меѓу коибиле и оние за 466 Тисифона. Релативните фотометриски набљудувања на тисифона биле направени од 1998 до 1999 година користејќи го 1,2 метарски телескоп во опсерваторијата Калар Алто сместена во Макс Планковиот институт за астрономија во Хајделберг, Германија. Тие успеале да го потврдат вртежниот момент од 8,8 часа кој петходноби пресметан од страна на орман и Кристијансон.
Во 2006 година Форназје и др. објавиле полариметриски податоци за поголем број на астероиди, влучувјќи го и 466 Тисифона.
Наводи
Надворешни врски
Литература
Категорија:Главен астероиден појас Категорија:Кибелски астероиди Категорија:Астероиди наречени по ликови од старогрчката митологија Категорија:Откритија на Лујџи Карнера Категорија:Откритија на Макс Волф Категорија:Астероиди од типот C Категорија:Астрономски тела откриени во 1901 година Категорија:Неправилни месечини