Златко Гоцевски (роден на во Штип) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Кариера Професионалната кариера му започнала во Деликатес во сезоната 1997/98. Таму играл до сезоната 1999/2000. Следна етапа му била при преминувањето во МЗТ Аеродром, каде што се задржал до 2003 година. Следната негова станица му била Вардар, играјќи една сезона за него. Во сезоната 2004/05 играл за Струмица 2005, а сезонaтa 2005/2006 ја започнал во првенството на Исланд за Кавлавик, но на полусезоната се вратил на Балканот во првенството на Косово во екипата на Пеја. Во 2006/2007 потпишал повторно за Струмица 2005, каде што го освоил првенството и бил избран за МВП на сезоната. Од 2007 до 2009г. е во екипата на Фени Индустри од Кавадарци. Со Фени во 2008 година ја освоил двојната титула, односно Првенството и Купот. Со Фени се натпреварувал и во Балканската лига стигнувајќи до полуфиналето во 2009 година. Сезоната 2009/2010 ја играл во бугарското првенство во кошаркарскиот клуб Јамбол.Златко Гоцевски е новото попълнение на Ямбол (бугарски) 19 септември 2009 Сезоната 2010/11 ја започнал во Работнички, но таму останал кратко бидејќи во декември потпишал за МЗТ Аеродром и таму играл до крајот на сезоната. Во 2011 година повторно играл за бугарски Јамбол, играјќи таму сè до полусезоната, преминувајќи повторно во Фени Индустри кога станале вицепрваци во Првенството и Купот. Во 2012 година, потпишал за Струмица, таму играл сè до март 2013 година, откако Струмица не успеала да обезбеди пласман во Супер лигата, Гоцевски се префрлил во Кожув, каде станал вицешампион со клубот во Првенството. Со Кожув се натпреварувал и во Балканската лига. Со Кожув стигнал до финалето во Купот на Македонија, губејќи од екипата на Работнички.Во Кожув задоволни: Ова беше добар викенд ekipa.mk 22 февруари 2015 На почетокот на октомври 2015 година, Гоцевски ја прекинал соработката со Кожув.Гоцевски си замина од Кожув ekipa.mk 1 октомври 2015Гоцевски го „плати“ цехот за лошиот настап на Кожув во Суперкупот! sportmedia.mk 1 октомври 2015Гоцевски ја прекина соработката со Кожув sport365.mk 1 октомври 2015 Веднаш потоа Гоцевски потпишал за КК Струмица.Подновен ростерот на Струмица со две нови засилувања ekipa.mk 5 октомври 2015Струмица се засилува: Тасовски и Гоцевски доаѓаат sport365.mk 5 октомври 2015 За сезоната 2016/17, тој повторно потпишал со Кожув.Гоцевски е новото засилување на Кожув sport365.mk 8 септември 2016 На почетокот на 2017 година, Гоцевски се преселил во новиот кошаркарски клуб Блокотехна, клуб кој го пратил на позајмица во второлигашот Радовиш. Откако обезбедил пласман со Радовиш во Првата лига и откако клубот го отстапил своето место на Блокотехна, Гоцевски бил вратен во новиот гевгелиски клуб.</small> На крајот на декември 2017 година, Блокотехна ја прекинала соработката со Гоцевски. Тогаш било последен пат Гоцевски да игра професионална кошарка,

Успеси

Титули Струмица 2005 Прва македонска лига (1) : 2006/07

Фени Индустри Прва македонска лига (1) : 2007/08 Куп на Македонија (1) : 2008

Признанија Најкорисен играч на сезоната 2006/07 Најкорисен играч на финалето во лигата 2006/07Прва титула за Струмица 2005 vest.com.mk 21 мај 2007 Центар на сезоната 2006/07 Домашен играч на сезоната 2006/07 Прва најдобра петорка на сезоната 2006/07 Најдобра домашна петорка на сезоната 2006/07 Најдобар домашен кошаркар за 2007 година Втора најдобра петорка од сезоната 2007/08 Најдобра домашна петорка од сезоната 2007/08 Eurobasket.com - Особен придонес во сезоната 2012/13

Наводи

Надворешни врски Профил на Златко Гоцевски на Eurobasket.com Профил на Златко Гоцевски на Basketball.realgm.com Профил на Златко Гоцевски на Eurobasket2011.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Штип