Муласен () — највисока планина во континентална Шпанија и целиот Пиринејски Полуостров. Претставува дел од венецот Сиера Невада во системот Панибетски Кордиљери. Наречен е по гранадскиот емир Абул Хасан Али (XV в.) познат како „Мула Хасан“ (шпан. Muley Hacén) кој, според народното предание, е закопан на врвот на планината.

Ова е највисок врв во Европа Повисоки врвови имаат Канарските Острови и Гренланд, кои политички ѝ припаѓаат на Европа, но географски се дел од Африка, односно Северна Америка. вон Кавказ и Алпите. Исто така го зазема третото место по топографска истакнатост во Западна Европа (по Монблан и Етна) и 64. место во светот. Сепак, врвот не изгледа исклучително стрмен — јужното крило на планината е благо и не е тешко за искачување, а истото важи и за долгиот западен срт. Пократкиот и пострмен североисточен срт е малку потежок. Меѓутоа, северната страна на планината е многу пострмна и нуди неколку умерено стрмни патеки за искачување по снег и мраз преку зимата.

Планината се искачува истиот ден поаѓајќи од селото Капилејра или Тревелез, но повообичаено е планинарите да преноќат во домот во Покејра или во засолништето во Калдера на запад. Оние што ја искачуваат планината од Травелез можат да бивакуваат крај езерцата на североисток од врвот.

Галерија

Поврзано Теиде — највисок врв во цела Шпанија Сиера Невада

Наводи

Надворешни врски

Искачување на Муласен Муласен: водич и сместување — Alpujarras.eu

Категорија:Планини во Шпанија Категорија:Географија на Андалусија Категорија:Гранада (покраина) Категорија:Триилјадници