Крал на Саудиска Арабија — апсолутен монарх на Саудиска Арабија и старешина на династијата Сауд. Го носи звањето Чувар на Двете Свети Џамии (), што се однесува на старателството врз Светата џамија (Месџид ел-Харам) во Мека и Џамијата на Пророкот (Месџид ел-Небеви) во Медина — воведено во 1986 г. наместо дотогашната „Неговото Величество“.

Историја

Кралот Абдулазиз (ибн Сауд) почнал да ја освојува денешна Саудиска Арабија во 1902 г. со враќањето на семејната надлежност како емири на Ријад. Потоа продолжил со освојвуање на Неџд (1922), а потоа Хиџаз (1925). Звањето гласело „Султан на Неџд“, подоцна сменето во „Крал на Хиџаз и Неџд“, за во 1932 г. да го добие денешното.

Наследување По смртта на Абдулазиз, сите досегашни владетели се негови синови како наследници. Овој систем се разликува од западните монархии, каде наследувањето оди по син наспроти брат.

Други функции Покрај владетел и старешина на династијата, кралот има улога и на премиер на државата, при што вицепремиер е престолонаследникот. Следниот на списокот по престолонаследникот ја има функцијата „втор вицепремиер“.

Кралеви на Саудиска Арабија (1932–)

Тековни престолонаследници Престолонаследникот Мукрин, р. син на Абдулазиз и Барака ел-Јеменија Заменикот-престолонаследник Мухамед бин Најф, р. , син на Најф бин Абдулазиз и ел-Џаухара бинт Абдулазиз, внук на Абдулазиз бин Сауд и Хеса бинт Ахмед.

Хронологија

Кралски стандард

мини|десно|Кралски стандард Кралскиот стандард се состои од зелено знаме со натпис, бела сабја и државниот амблем со златна во долниот десен кантон.

Натписот е шехадетот, односно сведочењето за верата, напишано со букви во стилот сулус:

лā ʾилāхa ʾиллā-ллāх, мухамедун расȳлу-ллāх Нема друг бог освен Бог и Мухамед е Неговиот пратеник.

Поврзано Престолонаследник на Саудиска Арабија

Наводи

Саудиска Арабија